18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Вечна им слава – 21 година од погибијата кај Карпалак

Со положување на свежо цвеќе и поклонение пред споменикот во кругот на касарната „Мирче Ацев“, изграден во чест на загинатите десет прилепски бранители започна одбележувањето на 21-та годишнината од трагичниот настан кај месноста „Карпалак“, каде во конфликтот 2001 година, животот го загубија десетте припадници на безбедносните сили на Р.Македонија, од Прилеп: Саше Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грјуоски, Дарко Вељаноси, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
По тој повод делегации од АРМ, Општина Прилеп, семејствата на загинатите, Здруженијата на бранителите положија свежо цвеќе и ја посетија спомен собата во чест на загинатите херои. Во таа пригода, на присутните им се обрати, Славчо Кузманоски, заменик командат на касарната „Мирче Ацев“, кој истакна дека врската и споменот за овие херои ќе останат и нема да бидат заборавени, но напомена дека треба и во иднина да се залагаме никогаш тоа да не се повтори.
По повод одбележувањето на 21-на години од трагичниот настан кај месноста Карпалак, доцна попладне беше положено свежо цвеќе и пред споменикот во село Лениште на кој се испишани имињата на десетте загинати резервисти кои загинаа на 8-ми август во конфликтот, 2001-та година. Потоа делегациите го посетија и манастирот Св.Петка во близина на село каде се служеше Вечерна богослужба.

Утре, на 8 август, делегации ќе се упатат на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, ќе бидат посетени вечните почивалишта на загинатите бранители на прилепските градски гробишта и во населените места, а во 10 часот ќе се одржи панихида во црквата „Света Петка“ во  населбата Точила. Во 13 часот е централното одбележување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Би можело да ве интересира

По деветти пат хуманитарна акција, иницирана од храмот „Св.Благовештение“

Елизабета Филипоска

Тутунарите бараат: МЗШВ да ја утврди цената за килограм тутун, по примерот на оризопроизводството !

Гордана Цветаноска

Целосно затворен за сообраќај влезот во Прилеп од Крушево од 10 до 14 часот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе