7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп одбележа 21 година од масакрот кај Карпалак

Со интонирање на македонската химна и со одавање на почит со едноминутно молчење  пред спомен комплексот “Карпалак “ во центарот на Прилеп, денеска бројни делегации,од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, прилепските пратеници, делегации од Општина Прилеп, Советот на општината, од институции, претставници на семејствата на бранителите, политички партии, здруженија на граѓани , положија венци и свежо цвеќе и им оддадоа почит на десетте прилепски бранители кои загинаа од заседа на 8- ми август, во конфликтот 2001 та година  на Карпалак.  Оддавајќи им почит на хероите : Горан Миноски, Сашо Китаноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Велјаноски, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески потсети на ужасниот настан кога животот го загубија десетте прилепски бранители од резервниот состав на АРМ.

„ Сигурен сум дека секоја година на овој ден чествувањето, на нивните семејства и најблиските, им дава барем малку повеќе сила и утеха,а нас ни претставува гордост што бевме нивни сограѓани и сведоци на пожртвуваноста и нивното херојство. Некои нешта едноставно не можеме да ги вратиме, но мораме да продолжиме да го негуваме нивното херојско дело. Стоејќи пред оваа спомен плоча и споменикот изграден во нивна чест, пред оваа топка која што симболизира вечен живот, докажуваме дека сме сплотени и никој не може да не спречи во нашата намера да ја браниме и безусловно да ја сакаме нашата татковина. Исто така сите сме согласни во тоа дека злото од 2001 година никогаш не смее да се повтори. Затоа што во воените конфликти нема победници и секоја една солза и загубен човечки живот се далеку повредни од било каков извојуван триумф. Како народ, повторно сме ставени пред искушенија и постојано сме пред нови битки, во кои што мораме да останиме сплотени на патот кон одбрана на нашата македонска држава, кауза, традиција и име. Македонскиот идентитет и јазик се неприкосновена реалност на нашиот народ. Тие се наше наследство од претходните генерации и аманет за идните генерации. Карпалак ќе боли засекогаш, но ќе остане вечен спомен кој ќе потсетува на храбрите македонски синови кои за својата земја го дадоа највредното, нивниот живот, посочи градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески на денешното чествување.

Чествувањата започнати вчера, продолжија и денеска во раните утрински часови, кога делегации од граѓанските здруженија, преставници од  Општина Прилеп, Градоначалникот и Претседателот на Советот на Општина Прилеп,  им оддадоа почит на загинатите херои на нивните вечни почивалишта на градските гробишта „Песјобрдце“ и на ромските гробишта, како и на гробовите на загинатите бранители од населените места: Новоселани, Бело Поле, Ропотово и Пашино Рувци. Делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, присуствуваше и на панихидата што во чест  на 10-загинати прилепски бранители се одржа во црквата „Света Петка“ во населбата Точила.

Рано изутринава, претставници од здружението „Карпалак“положија свежо цвеќе и кај месноста „Карпалак“, на местото каде што пред 21 година од заседа  беше нападнат прилепскиот конвој од прилепскиот резервен армиски состав од кој загинаа 10 те прилепските бранители.

Пред 21 години, рано изутрината, во воениот конфликт  2001 г.  од заседа беа убиени прилепските бранители:Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Би можело да ве интересира

Утре, без струја граѓаните од две улици

Елизабета Филипоска

„На Василица во Прилеп 2022“ , манифестација за збогатување на традицијата

Гордана Цветаноска

Хасаниќ: македонските музички таленти се добредојдени на „Студентско лето“ во Маглај

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе