Ако сте за супер забава и одличен рокенрол тогаш ја имате новата генерација на овој вид на музика.Тоа е бендот “The Schmucks” , прилепски деца кои едноставно го сакаат овој ритам и уживаат кога ќе ги реализираат своите креативни идеи.Михаил , Кирил , Филип , Андриано и Дамјан го создадоа својот “Chaos” , музички запис кој си има и свое видео кое вирално и се споделува на социјалните мрежи.Како што велат тие ” на личен план не се сфаќа сериозно” но ова за нив e супер промоција во македонскиот музички етер.Тие ни беа и на гости промовирајќи ја својата нова песна.
Оваа прилепска музичка атракција која свири засега во Прилеп , Битола и Крушево , својот прв настап го имаше во 2020 година и тоа на хуманитарна акцја во кругот на новата автобуска станица во Прилеп.Во бендот ” The Schmucks ” можете да ги видите : Дамјан Ристески ( тапани ) , Андриано Чолакоски (бас гитара) , Филип Ристески (бас гитара) , Кирил Трајкоски ( ритам гитара) и Михаил Јагуриноски ( вокал – главна гитара).
https://www.youtube.com/watch?v=M76mw6wDvSI
И навистина нивната позитивна енергија , ентузијазам и љубовта кон музиката сите овие прилепски деца ги исполнува и ги прави среќни , а ние како медиум од се срце им посакуваме успешна музичка кариера.Само напред момци !!!