За децата од прво и второ одделение , шахот од септември ќе биде на листата на изборни предмети во основните училишта во Македонија.Ова го соопшти и Шаховската федерација на Македонија која на својата facebook страна извести дека Бирото за развој на образованието ја одобрило нивната програма за шах во школи и од септември ќе биде на листата на изборни предмети.
Во соопштението меѓудругото се вели :
Му благодариме на ИМ ФТ Орце Данчевски за помошта при изготвувањето на програмата.
Сега ни останува “само” да го промовираме шахот како изборен предмет и да ги обучиме наставниците. Што значи дека дури сега ни претстои најголемата работа.
Само да потсетиме придобивките од шахот се многубројни и вклучуваат:
– Подобрување на концентрацијата и меморијата
– Подобрување на математичките вештини и читањето
– Подобрување на логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување
– Градење на аналитички начин на размислување и пристап кон решавање на проблемите, и подобрување на вештините за решавање на проблеми
– Стимулира подеднаква работа и развој на двете мозочни хемисфери
– Создавање на работна навика

Од Шаховската федерација на Македонија велат дека се отворени за соработка за сите што сакаат да ни помогнат и вистински да го внесеме шахот во школите и да допреме до секое дете.