1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Прилепската публика најфудбалска , најгласна , најдобра – празник за душата (ВИДЕО + ФОТО)

Прилепчани после подолго време навистина се нагостија со прволигашки фудбал.Сега дали  се или не се задоволни од прикажаното на дербито во најквалитетното друштво кај нас , тоа ќе покаже во наредните натпревари кога повторно Победа ќе биде домаќин на градски.Но едно е јасно публиката си го сака својот клуб , си ја сака Победа од дното на душата.Зошто?.. Е па затоа што нема поубаво чувство од тоа да ги гледаш фудбалерите на Победа на преполните трибини на градскиот стадион.И, да вчерашната пресметка на Победа и Тиквеш ги разнежни срцата , ги развика грлата,ги отвори дланките кај прилепската публика.Прилепската публика е најфудбалска, најгласна , најдобра.

Крајниот епилог не беше поволен за домаќините и за публиката која не прекинато скандираше и ги бодреше своите пулени но секако дека на крајот впечатокот е одличен.Повторно река од луѓе се упатуваат на стадион , повторно и старо и младо од ” неделна семејна трпеза” па на фудбал, повторно препознатливите зборови кај навивачите кои малку ќе закаснат ” еј нема место на малава одиме на големата трибина”

Ова е само почеток на една сезона која отвора нова фудбалска приказна за Победа и стартот не ги задоволува вкусовите на прилепчани кои го познаваат фудбалот и искрено ја сакаат магијата на бубамарата.Но мора да кажеме дека како и да заврши вчерашната пресметка  таа сепак си остави силен впечаток кога станува збор и за навивачите.Фудбалски, како и секогаш со многу аплаузи и емоција за своите црвенонбели.Прилепе ти си најфудбалскиот град а допрва треба да го видат тоа сите низ директните преноси на тв.

Би можело да ве интересира

Прилепските велосипедисти се закитија со сребро и бронза

Победа ја симна Шкендија од челното место

Гордана Цветаноска

ФК „Преспа“ слави сто години

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе