11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Дарко Неданоски испишува историја за македонската спелеологија

Во периодот од 10-20 август 2022 година беше реализирана Експедицијата SKALAR 2022 на планината Канин во Словенија. Главната цел на Експедицијата SKALAR 2022 е да ги истражи продолжувањата кон пештерата Мала Бока. Со можната врска помеѓу пропаста Скаларјево Брезно и пештерскиот систем Мала Бока – BC4, таа би била длабока околу -1900 метри. Ова би била најдлабоката пештера – пропаст во Европа !!!

Спелеологот Дарко Неданоски зеде учество на Експедиција SKALAR 2022. И најважно, со успешната реализација на оваа Експедиција, Дарко Неданоски, како единствен македонски спелеолог ја имаше честа да учествува во откривањето на најдлабоката пештера-пропаст во Европа, а воедно и постигнување на нов личен и државен рекорд за спуштање во длабочина на -1200метри, што значи дека Македонија за прв пат во историјата на македонската спелеологија ќе биде запишана во книгата на рекорди. Огромно задоволство, чест и гордост за нашата држава е да се промовира во светски рамки низ еден ваков подвиг.

„Огромна чест и задоволство ми претставува да ви соопштам дека Македонија официјално за прв пат во историјата на македонската спелеологија се наоѓа во книигата на рекорди. После 6 денови поминати во мрак, влага, ниски температури и екстремно тешки услови за работа ја завршивме една од попредизвикувачките, ако не и најпредизвикувачката експедиција од сите во моето досегашно искуство во подземниот свет со која успеав да поставам и нов државен рекорд како единствен Македонец, спелеолог, кој се спушти на – 1.200 метри под земја“, вели Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошката федерација на Македонија.

Неуморниот Дарко Неданоски, млад човек, истражител, со неизмерна љубов кон екстрамните спортови и науката 

Дарко Неданоски е добро познат кај прилепчани. Тој е  Претседател на Спелеолошка Федерација на Македонија Прилеп “Се’ за науката!” Добро позната реченица за секој љубител на спелеолошкото богатство во Македонија. А кога ќе се спомнат пештерските експедиции, пропасти, јами, таму е и Дарко Неданоски и сите негови подвизи во македонската и светска спелеологија низ годините. Истражител, со преку 20 годишно искуство во оваа област. Страствен планинар, спасител и љубител на екстремните спортови кој првите планинарски чекори ги направил во раното детство како член на најстариот планинарски клуб Златоврв, Прилеп. Почетоците и запознавањето со спелеологијата ги имаше уште во 2005 година, со првото официјално влегување во пештера, а понатаму станува член на Спелеолошки клуб Златоврв Прилеп од самото основање на клубот.

Во 2016 година се случува и поставува државен рекорд од – 844м во Словачка Јама на Северен Велебит во Хрватска. Бидејќи рекордот беше предизвик да се постигне нов, не многу подоцна во 2017 година го достигнува и најголемиот рекорд во историјата на македонската спелеологија со – 950 м под земја и 4 дена без дневна светлина во Словачка јама. Сите овие подвизи се само резултат на огромен број експедиции, обуки, семинари и конгреси ширум Европа како и неговата огромна љубов кон спелеологијата. Веќе во 2020 година застанува на чело на Спелеолошката Федерација на Македонија која е национална организација и ја сочинуваат клубови за спелеологија заради остварување и усогласување на своите заеднички цели и интереси и заради вршење на дејности и активности во спелеологијата. Организира и поддржува систем на експедиции, кампови, семинари и курсеви. Овозможува развој и осамостојување на спелеологијата како спорт и интердисциплинарна наука во сите нејзини гранки во нашата држава. Спелеолошка федерација на Македонија, согласно Решение издадено од Агенција за млади и спорт ги исполнува условите од чл.11 од Законот за спорт и може да врши спелеолошка дејност. Прво учество на Спелеолошка Федерација на Македонија на Конгресот за спасување во пештери, 2019 во Хрватска и со голем чекор од огромно значење за Федерацијата е вклучувањето во ECRA (Европската асоцијација за спасување во пештери) како полноправен член во 2021 година, што ветува многу интернационални проекти и можности за нови постигнувања. Тоа значи голем напредок и промоција за нашата земја како еднакви со останатите европските спасителни служби. Но, секако со влегување во членството на ECRA ние го добиваме и третото А+ што значи имаме служба за спасување во пештери без која не може да имаме државна служба за спасување бидејќи се потребни трите ААА+ тоа се Копно, Вода и Подземја. На овој начин се објаснува членството и значењето во ECRA на државните институции, и што добиваме и постигнуваме за нашата држава со ова членство.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот театар со „Аудиција“ гостува на театарски фестивал во Србија

Пела Редакција

(Видео) Причината зошто температурите се под просекот за во лето

Гордана Цветаноска

Ќе се врши дезинсекција во Прилеп и населените места

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе