Попладнево прилепско повторно беше зафатено со поројни дождови, при што делови од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани предизвикаа поплавување на повеќе населени места.
Според информации од Центарот за управување со кризи поплавени се неколку села во општина Долнени и тоа: Лажани, Дебреште и Житоше. Најкритично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода која навлегла и во куќите . Вечерва, од ЦУК информираат дека се прави евакуација на жителите чии што куќи се поплавени:
Според последните информации добиени од Градоначалникот на ЕЛС Долнени заради поплавувањето на подрумските простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори. Во моментот ангажирани се 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило.
За големото невреме сведочат видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи:
Во Алданци:
Во Житоше: