11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Работниците од Еурокомпозит ги активираа протестите

Работниците од Еурокомпозит повторно од денеска се на протести. Регионалниот пат Прилеп – Градско кај Заполшки мост денеска беше блокиран во траење од неколку часа, а причината е како што велат од синдикалната организација игнорантскиот однос од Владата за решавање на нивните проблеми. Тие бараат редовна исплата на бруто плата и назначување на новиот менаџерски тим за непречно одвивање на производниот процес.
– Вчера најавивме дека ние почнуваме со блокади на патишта и со одење пред Влада, но таа одлука ја сменивме и почнуваме од денеска. Причина за промена на оваа наша одлука беше што вчера по телефонски разговор со претставникот на државниот капитал Софија Јованоска која е нов претставник која што не извести дека била долга процедурата за наименување на директор и дека треба да работиме уште 30 дена, па потоа да земеме плата. Работниците беа известени и настана револт, па така решивме да продолжиме со нашите протести се до конечно решавање на нашава ситуација или во најкраток рок – исплата на една плата
вели Роберт Богданоски претстедател на синдикалната организација на Еурокомпозит.
Работниците велат дека дел од вработените се најдуваат на своите работни места каде што е неопходно да се затвори процесот на работа. Протестите и блокадите ќе продолжат и во наредните денови, така што секојдневно ќе го зголемуваат времетраењето на протестите и блокадата на регионалниот патен правец Прилеп – Градско за еден час повеќе од претходниот. Денеска блокадата траеше од 12 до 14 часот, а за утре е најавена блокада од 11 до 14 часот. Воедно работниците најавуваат и протести пред владата, поставување на шатори и штрајк со глад.
– Поголемиот дел од вработените се чувствуваат измамени. Во 40 дена немаме примено никакви приходи, а најавата е дека ќе останиме уште 30 дена без плата. Што значи тоа е близу 2 и пол месеци без примања. А ако се вратиме наназад дека од почетокот на годинава до сега во просек немаме по 2 до 3 илјади денари земено пари, можете да замислите до кој степен не дотераа.Значи не дека се чувствуваме измамени туку решени сме кога веќе почнавме некој процес во понеделник или во вторник решени сме пред Владата да поставиме шатори и да продолжиме со штрајк со глад, вели Цветан Бунтески од синдикалната организација.
Најголемиот револт кај работниците е што близу 4 месеци никој, како што велат тие не помрднал ниту милиметар да го реши нивниот проблем.

Би можело да ве интересира

До каде е изградбата на фекалната канализација во с. Норово?

Елизабета Филипоска

Општина Могила слави 22 години од своето постоење

Гордана Цветаноска

Зимската опрема – превенција за безбедност во сообраќајот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе