7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Достапни за бесплатно симнување, аудио и ПДФ издание на Е-книгата „Балкански детски приказни“

Промоцијата на Е-книгата „Балкански детски приказни„, реализирана од Здружението на граѓани Мултимедиа Прес-Прилеп, за да се доближат културните разлики на децата од Балканскиот Регион како дел од Регионалниот ЕУ проект Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД, која има за цел да промовира вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање,  беше промовирана пред публиката и предизвика голем интерес кај директните учесници на промотивниот настан, кој се одржа пред градскиот саат во Прилеп.

Настанот беше збогагатен со забавни содржини за деца, а децата и присутните имаа можност да слушнат фрагменти од книгата кои ги читаше кловнот Јојо (актерот, Михал Михалоски) .

Аудио снимката на Е-книгата „Балкански детски приказни„ по промоцијата е  достапна за бесплатно преслушување на платформата ЅoundСloud .Но, здружението Мултимеда прес – Прилеп во рамките на овој проект изготви и ПДФ- верзија, со авторски илустрации кои ги изготви Фили Јовески. И, таа, веќе е достапна за симнување на платформата issuu.. (ЛИНКОВИТЕ ГИ ИМАТЕ ПОДОЛУ ВО ТЕКСТОТ)

Здружението Мултимеда Прес – Прилеп, со цел да го доближи проектот кој содржи приказни од Македонија, Албанија и Турциј, наменети за деца и млади,  преведени на македонски, турски и албански јазик,  испечати и 100-на УСБ стикови, на кои ги има аудио и ПДФ верзиијата, и ги дистрибутираше во градинки, училишта, едукативни центри во пелагонискиот регионот и пошироко,  однсоно до едукатори, воспитувачи, наставници, медиуми, културни работници,  со цел да ги доближи културните разлики меѓу децата и младите од овој регион, а книгата како уникатна аудиосодржина од сказни за деца и млади на македонски, турски и на албански јазик, да послужи како едукативен материјал.

Идниот предизвик на  Мултимеда прес – Прилеп, е дигиталната книга „Балкански детскии прикацни„ да добие печатено издание,  да биде во книжна верзија, која, како убава илустрирана сказна со детските приказни од трите народи,  биде достапна во училишните библиотеки, во градинките, во домашните библиотеки, во рацета на децата и младите.

Инаку, во реализацијата на овој интересен проект учествуваа: Елизабета Филипоска, Гордана Цветаноска, Наташа Забрчанец, Осман Фират Баш, Елена Радевска, Барбара Јариш Макрај, Дијана Свртиноска, Емилија Малезан, Ферди Булут, Наташа Ачански, Илија Волчески, Драгица Здравеска, Филип Јовески и Никола Димоски. Е-книгата е снимена во студиото на „Радио Пела“ .

Во продолжение, се линковите од аудио и ПДФ изданието на аудио/визуелната книга „Балкански детски приказни„ кои можете бесплатно да ги симнете (преслушувате/разгледувате/читате) :

Проектот Е-книгата „Балкански детски приказни„, од Здружението Мултимедиа Прес – ММП е поддржан од Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД, финасиран од ЕУ.

 

Би можело да ве интересира

Радио Пела во медумска поддршка на хуманитарниот концерт на Саша Ковачевиќ

Елизабета Филипоска

„ПРЕПОЗНАЈ ЈА РЕТКОСТА – ПРИФАТИ ЈА“ 28-ми ФЕБРУАРИ- ден на ретките болести

Елизабета Филипоска

Втора акција за пошумување кај Селце в недела на 14 ти ноември

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе