2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

СПОРТСКА ТРАДИЦИЈА : БК АС – Прилеп и ЛАЈОНС ДЕН – Мелбурн заеднички го промовираат боксот на највисоко ниво (ВИДЕО + ФОТО)

Почнувајќи од 2001 па се до денес непрекинато работи но и активно се натпреварува во првенствата во земјава , боксерскиот клуб Ас од Прилеп.Прилепските боксери работат под палката на тренерите Ѓорѓи Чатлески и Дарко Чатлески и досега бележат одлични резултати.Во изминатите години државни шампиони во бокс се Дарко Чатлески , Александар Николоски , Стево Илиќ , Дамјан Талимче а минатата година во кадетска конкуренција титулата ја освои Матеј Чатлески.За 2018 и 2019 БК АС го освои второто место во бокс лигата на Македонија , а оваа година го држи првото место од кои има уште 4 кола до финалните борби. Четвртото коло во месец октомври ќе се одржи во Прилеп во организација на БК АС ПРИЛЕП а пак 28то државно првенство во Скопје на 8ми и 9ти септември.

Прилепскиот боксерски клуб Ас долги години соработува со квалитетни клубоци и промоции од Европа и Светот а една таква соработка се продлабочува и зацврстува.Тоа е примерот со боксерската академија ЛАЈОНС ДЕН  од Мелбурн , Австралија.Соработка која обострано трае и ќе остане засекогаш а целта е помагање и разменување на боксери со учество на борби во Македонија и Австралија како и нивно доусовршување за што поголеми резултати.

При посетата на Игор Поцев , од австралиската боксерска академија беше кажано дека секогаш ќе функционира ова меѓусебно помагање и соработка зашто сепак се работи за млади личности кои влегле во овој спорт и сакаат едноставно да бидат “шампиони” во она што го работат.Впрочем да потсетиме дека и тренерот на боксерскиот клуб Ас , Дарко Чатлески во 1997 година го освои бронзениот медал  на европското првенство за кадети што се одржа во Битола.А сега како што истакна за нашиот медиум е горд што постои и се реализира една ваква соработка со боксерската академија ЛАЈОНС ДЕН од Мелбурн.

Во продолжение ви доловуваме и дел од атмосферата на заедничкиот тренинг кој го реализираа Игор Поцев и Дарко Чатлески во просториите на боксерскиот клуб Ас Прилеп.Погледнете во видеото подолу.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Неопходно е да се вратат вредностите на спортскиот живот во Прилеп

Гордана Цветаноска

Кога ќе се одржи жребувањето за Светиниколскиот турнир во мал фудбал?

Гордана Цветаноска

РК Прилеп декласиран од Еурофарм Пелистер со 46:24 (23:16)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе