11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! (6)

Пишува Зоран Момироски

  • ПО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ЦЕНАТА НА ПАРКИНГ УСЛУГИТЕ И ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ ОД СТРАНА ЈП ПУП КАКО ,,ПАПАГАЛЧИЊА,“ ВМРО ДПМНЕ ГИ НАРЕДИ ДИРЕКТОРИТЕ ОД ОСТАНАТИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА ДА ИМ КАЖАТ НА ГРАЃАНИТЕ ДЕКА ГИ ЧЕКААТ НОВИ ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА УСЛУГИТЕ. ОРКЕСТРИРАНИ ЧИТААТ ОНАКА ЗАГРИЖЕНИ . ПРВО КУКААТ, А ПОТОА ПЛУКААТ ПО ВЛАДАТА ДЕКА НЕМА СЛУХ ЗА НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИ. ТИЕ ГИ НАЈАВУВААТ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ЦЕНИТЕ НА УСЛУГИТЕ, А ПРСТОТ ГО ВПЕРУВААТ ВО ВЛАДЕЧКОТО МНОЗИНСТВО. ПРИТОА САКАЈЌИ ДА ИМ КАЖАТ: НИЕ НЕ, ТУКУ ВЛАДАТА Е ВИНОВНА ЗА ОВА. ЕТЕ ТАА ВЛАДА ОД СДСМ  НЕМА СЛУХ И ДОБЛЕСТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ, А  НИЕ МОРА ВАС ДА ВЕ ,,ОПАШИМЕ“ ПО ВАШИТЕ ЏЕБОВИ… ГИ СЛУШАМ И СЕ ЧУДАМ!!! ПОРАКАТА И НАМЕРАТА ИМ ЈА РАЗБИРАМ ТАА Е ЛЕГИТИМНА. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ Е КАКО НЕ СЕ ПОТРУДИЈА БАРЕМ МАЛКУ ДА ГИ СМЕНАТ ЗБОРОВИТЕ, ДА ГИ ЗАМЕНАТ РЕЧЕНИЦИТЕ ТОЧКИТЕ И ЗАПИРКИТЕ! ПОВТОРУВА ЕДНИОТ, ДРУГИОТ, ТРЕТИОТ ДИРЕКТОР… ПА СИ ВЕЛАМ – АБЕ МНОГУ СИЛНА И ЗНАЧАЈНА БИЛА ОВАА НАША ВЛАДА НА ГЛОБАЛНО НИВО?! И, ЗАКЛУЧУВАМ: МАКЕДОНСКАТА  ВЛАДА Е ВИНОВНА ЗА СВЕТСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ БЕЗИЗЛЕЗ. ОДМА ДА СЕ СМЕНИ СО НОВА И СВЕТОТ ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД ОВИЕ СТЕГИ ЗА СТРУЈА ЗА ГОРИВА ЗА ПАРИ, ЗА МИР И БЛАГОСОСТОЈБА НА ПЛАНЕТАВА ЗЕМЈА!

 

  • НЕ МНОГУ ОДАМНА РАКОВОДСТВОТО НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА СЕ ИЗНАСЛИКА И ОНАКА ОДВАЖНО КАЖА: СЛУЖБАТА ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ СЕ ПРЕСЕЛУВА ОД СТАРИТЕ И РУИНИРАНИ ПРОСТОРИИ ОД НЕКОГАШНАТА БОЛНИЦА ВО СЕГАШНИОТ ОБЈЕКТ НА ОВАА ЗДРАВСТВЕНА ИНСТИТУЦИЈА. И ТУКА НЕМА НИШТО СПОРНО. НЕМА НИКАКОВ ПРОБЛЕМ. НАПРОТИВ, СЕ ПОСТИГНУВА ЕФИКАСНОСТ И СЕ ДОБИВА ВО ВРЕМЕ ПРИ ДАВАЊЕТО НА ПОТРЕБНАТА ЗДРАВСТВЕНАТА УСЛУГАТА. СЕГА ВИСТИНСКИОТ ПРОБЛЕМ Е – ШТО СО СТАРИТЕ И РУИНИРАНИ ПРОСТОРИИ ОД СТАРАТА БОЛНИЦА? ПРИЛЕПЧАНИ ВЕЛАТ ЕПТЕН БУБРЕГ МЕСТО, А ЛОКАЦИЈАТА ОД ПООДАМНА Е НАМЕРАЧЕНА ЗА ДА НИКНЕ ЕДЕН СТАНБЕН КОПЛЕКС. Е ВО ОВА НЕМА ВИЕ НИЕ, НЕМА ВМРО- ДПМНЕ ПРОТИВ СДСМ. ОВДЕ, ИНТЕРЕСОТ ГИ СПОЈУВА И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ. ПА РЕШЕНИ СЕ ЗАЕДНИЧКИ ОНАКА ,,УДАРНИЧКИ“ И БРАТСКИ ДА ГО ОСВОЈАТ ОВОЈ ПРОСТОР. НО ВО СЛУЧАЈОВ САМО ЕДНО НЕ МИ Е ЈАСНО: КАКО ЌЕ СЕ ИСТУРКА ОВОЈ ПЛАН?! БИДЕЈЌИ, ОБЈЕКТИТЕ КОИ ЌЕ СЕ РУШАТ  СЕ ОД ДВЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ И ЕДНА ПРИВАТНА ФИРМА. НАЈВЕРОЈАТНО  ДЕКА СО ДОБРО ,,ПОДМАЧКУВАЊЕ“ ЌЕ  МОЖЕ И ТОА ДА СЕ СРЕДИ. АМА НЕ МИ Е ЈАСНО КОЈ ВО ТИЕ СТАНОВИ БИ ЖИВЕЕЛ. СТАНУВА ЗБОР ЗА ВАКАВСКО МЕСТО. ТУКА БЕЗ СТРАВ БИ ЖИВЕЕЛЕ ПРАВОСЛАВНИ, МУСЛИМАНИ, БЕЗВЕРНИЦИ. НО КОЈ И ДА ОДЛУЧИ ЕДНО ИСКРЕНО МУ ПОСАКУВАМ – САМО БОГ ДА МУ БИДЕ НА ПОМОШ!

 

  • КОГА СУМ КАЈ ОПШТАТА ГРАДСКА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ НЕМА ПРОБЛЕМ ВО ПОСТАВЕНОСТА И ОРГАНИЗАЦИЈАТА ИМА ПРОБЛЕМ ВО ,,ИЗМЕШАНИТЕ ЛОНЧИЊА“. ДЕНОВИВЕ СЛУШАМ НЕКОЈ ТАМУ ДА СИ ЗЕМА СЛОБОДА И ЗА ПРАВО СТРУЧНА ЗДРАВСТВЕНА ОЦЕНКА ЗА РАБОТАТА, ЗА БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ, ЗА ИСКОРИСТЕНОСТ НА КАПАЦИТЕТИТЕ И ЗА  ПЕРСОНАЛОТ И УСЛУГИТЕ ДА ДАВА ЧОВЕК ОД ФИНАНСИИ. СИ ВЕЛАМ – АЈДЕ ДА ДАВА НАЧАЛНИЧКИОТ СОВЕТ, ТРЕБА И МОЖЕ. АЈДЕ ДА ДАВА СТРУЧНО СОВЕТОВАЛНО ТЕЛО,ТРЕБА И МОЖЕ. АЈДЕ ВРЗ ОСНОВА НА ТИЕ МИСЛЕЊА ДА КАЖУВА ДИРЕКТОРОТ РАЗБИРАМ. АМА ЕКОНОМИСТ ЗА СТРУЧНА КАДРОВСКА И ЗДРАВСТВЕНА ПО ОДДЕЛЕНИЈА ДА КАЖУВА – ПРВО Е НЕКУЛТУРНО НЕСООДВЕТНО И НАДВОР ОД ЗДРАВ ЧОВЕЧКИ ПАМЕТ. ПА КОГА Е ТОЛКУ СТРУЧЕН, ПРЕДЛАГАМ НА ЧОВЕКОТ ДА СЕ  ДАДЕ  ШАНСА. НЕКА ОБЛЕЧЕ УНИФОРМА И ДА ВЛЕЗЕ ВО ОПЕРАЦИОНИ САЛИ, ВО РОДИЛНА САЛА. АКО НЕМА ЖЕНИ ДА СЕ ПОРОДУВААТ МУ ПРЕДЛАГАМ НЕКА СОБИРА ТРУДНИ ОД ПО УЛИЦИ И НЕКА ГИ НОСИ ВО ГИНЕКОЛОГИЈА. АКО НЕМА ПАЦИЕНТИ ВО СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ АМБУЛАНТИ СЛОБОДНО НЕКА ШЕТА НИЗ ГРАД И НЕКА НОСИ ПАЦИЕНТИ. ТОЈ НЕКА ПРЕГЛЕДУВА И ТОЈ ДА МУ ФАКТУРИРА НА ФОНДОТ.

 

  • ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ МНОГУ МИ НЕДОСТИГААТ ИЗЈАВИТЕ НА  ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ ПРИЛЕП ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО. ОТКАКО „РАСПАЛИ“ ПО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ПО РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ И НАМЕСТО БОРЧЕ И ДЕЈАН ДА МУ РЕПЛИЦИРААТ, ПУШТИЈА  МЛАДИ НЕУПАТЕНИ КУТРИ ДЕЦА,  НА ЦАКИО МУ ТЕКНА ДЕКА ТРЕБА ДА ЈА СМЕНИ ТАКТИКАТА. ПА НАМЕСТО ТОЈ, СО ИЗЈАВИ СО РЕПЛИКИ И КОНТРА – РЕПЛИКИ  ПОЧНА ДА ПУШТА  МЛАДИ КАДРИ ИСТО КАКО ВМРО-ДПМНЕ. И ЗАБАВАТА САМО ШТО ПОМИСЛЕВ ЗАПОЧНА -ТАА БЕЗ НАЈАВА ЗАВРШИ ?! ЦАКИО И СДСМ ГО НЕМА НИ ДА ГУКНИ НИ ДА МУКНИ!  ЗА ОТПУШТЕНИТЕ ПЕДЕСЕТТИНА НАСТАВНИЦИ, ГО НЕМА ЗА КЛУЧНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ГРАДОВ… МОЛЧИ И СИ ВЕЛИ АКО ПОЧНАМ ЗА СЕ’ ДА ДАВАМЕ ИЗЈАВИ УШТЕ 1000 ДЕЦА ОКОЛУ МЕНЕ НЕМА ДА СТИГНАТ. ЧЕКАМ И СИ МИСЛАМ: МОЖЕБИ ГИ ЧЕКА НОВИТЕ ПОВИСОКИ  ЦЕНИ НА УСЛУГИТЕ ОД ПРИЛЕПСКИТЕ ЈП ?! НО, СЛУШАМ, БАДИЈАЛА СУМ  ЧЕКАЛ!!! ЦАКИО НА ГОЛЕМО ТИ СЕ СПРЕМАЛ… РАКОВОДИТЕЛ НА ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВО ПРИЛЕП Е МАЛА ФУНКЦИЈА ЗА ЦАКИО. САКА И ТОЈ ДА ФАТИ ПРЕКУ ПЛЕТВАР НЕКОЈА ПОДОБРА ФУНКЦИЈА. ДА ШЕТА ВО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ МАЛКУ КРАЈ ВАРДАР. И ДА СЕ ШМЕКА ПО СКОПСКИНЕ КАФУЛИЊА И КАФИЧИ. ПА СИ ВЕЛАМ : СЕ’ Е МОЖНО ВО ОВА ВРЕМЕ НЕВРЕМЕ, ЗОШТО НЕ И ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ?!

Би можело да ве интересира

Викендов ќе има, но од понеделник без струја ќе останат неколку фабрики и села

Пела Редакција

Филиповата еко градина со душа (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Поетот на клавишите: Шопен и младите таленти-нов концерт во храмот „Св. Петка“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе