5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Вработените од „Прилепско поле“ на протест, нема плата, а подружницата работи неликвидно

Вработените во подружницата на АД Водостопанство,  „Прилепско поле“ денеска излегоа на протест. Неисплатените 3 плати и незаинтересираноста од раководството на АД Водостопанство за проблемите со кои се соочуваат ја прелеа чашата со незадоволство.  Иса Елмазоски, вработен на одржување во „Прилепско поле“ вели дека сепак ја завршиле  сезоната за наводнување за да не ги стават  земјоделците во тешка ситуација.

–  Ние вработените на подружница Прилепско поле Прилеп денес излеговме на едночасовен протест со цел да го искажеме нашето незадоволство од незаинтересираноста на одботор на директори на АД Водостопанство за обезбедување на плати за вработените. Имено до денес не се исплатени 3 плати, а еве и четвртата веќе е одработена. Од Владата имаме добиено решение за обезбедување на средства за исплата на истите, но сеуште не е реализирано. Во ова кризно време вработените се без пари и без лекарско осигурување. Исто така го истакнуваме и незадоволството од работата на Сојузот на синдикати на Р.Македонија како матичен синдикат, бидејќи до денес немаат превземено никаква активност со цел да се изврши притисок на надредените. Во знак на незадоволство сите вработените потпишавме истапница од истиот.

Овој протест односно престанок со работа потребно беше да го организираме веднаш после недобивањето на втората плата односно уште во месец Јули, но несакавме да бидат оштетени земјоделците кои се наши клиенти и кои во овој случај би биле најоштетени, но би сакале да напоменеме и тоа дека доколку вработените на водостопанските претпријатија престанат со извршување на своите обврски и сега после завршување на сезоната на наводнување нема да се одржуваат зафатите преку кои се прибира водата во акумулациите и во тој случај акумулациите нема да се наполнат со доволна количина на вода и во прашање ќе биде наредната сезона за наводнување во 2023 година.

Сакаме да напомнеме и тоа дека оваа сезона ја поминавме со големи тешкотии, недоволно обезбедени средства за поправка на дефекти, несервисираи градежни машини, недоволна опрема за заштита при работа, но сепак сезонава што завршува може да се каже дека е успешна, посочи Елмазоски.

Во крајно незавидна состојба се 25-те вработени и 11 сезонски работници, кои револтирани од состојбата, го напуштиле и од Синдикатот бидејќи не ги застапува нивните барања. Подружницата „Прилепско поле“ има речиси целосно реализирана  наплата за наводнување на 450 хектари за склучените 1 800 договори со земјоделците. Сезоната за наводнување успешно заврши, но сега треба да се прават напори за  одржување на каналите за одводнување и за обезбедување на доволна вода за наводнување во најголемата акумулација вештачкото езеро и неколкуте микроакумулации, велат од прилепската подружница.  Тоа ќе оди тешко бидејќи се соочуваат со проблеми со обнова на механизацијата бидејќи немаат доволно средства за поправка на дефекти, несервисирани градежни машини. Од Владата добиле ветување дека неликвидноста во работењето ќе биде надмината со средства од Буџетот за исплата на 2 плати за сите 14 подружници.

 

Би можело да ве интересира

Чешка ќе ја поддржи Македонија за влез во ЕУ и Нато

Елизабета Филипоска

Поставени „речни корита“ со течност за дезинфекција на сите возила од другите градови во Прилеп

Елизабета Филипоска

ШЕСТ ДЕНА СЕ ЗАТВОРЕНИ ОПЕРАЦИОНИТЕ САЛИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ОТКАКО ОД СЕПСА ПОЧИНА 52 ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе