-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Прилепскиот бокс на врвот – боксерскиот клуб АС цврсто на првата позиција ( ФОТО + ВИДЕО )

Продолжуваат онаму каде застанаа.Прилепските боксери учествуваа и во третото коло од младинската и првата лига во бокс на Македонија која се одржа деновиве во главниот град. Боксерскиот клуб АС од Прилеп зеде учество со осум пријавени боксери а на првенството борби имаа само тројца.И максимални три од три борби за прилепчани.Со тоа е зацврстена првата позиција во младинската лига во бокс во земјава.

                                                                    https://www.facebook.com/100075961399881/videos/pcb.178841184657927/864298184540675

Боксерите кои издвоија победи: Марко Петрески победи со 3:0 Демир Демиров победи со 3:0 Емануел Абдуловски победи со ТКО 2 рунда Боксерите кои беа без борба и испаднаја со ждрепка : Теодор Тошески Максим Стојановски Стефан Иваноски Николче Соколоски Матеј Чатлески Тренери и секунданти во ќошот беа : Дарко Чатлески Игор Поцев.

Боксерскиот клуб АС во наредниот период го очекува  државното првенство во бокс на Македонија на 08 и 09 октомври во Скопје. Пријавени се десет боксери и се очекуваат  добри резултати. Во втората половина на октомври прилепчани  ќе го организираат  четвртото коло во бокс. Се разбира целта е годинава со напорна работа да се освои првата позиција во младинската  лига во бокс и секако освојување на златни медали на државното првенство.

Би можело да ве интересира

РК Прилеп на домашен терен не успеа да ги освои бодовите од Тиквеш

Пела Редакција

ТОФИЛОСКИ НЕСОВЛАДЛИВ ВО РОДНИОТ ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

И, овој викенд фудбал на градски – во пријателски меч Победа – Борец

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе