5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! 8

Пишува Зоран Момироски 

НЕ Е ПРОБЛЕМ ДА ВЕТУВАШ. ПРОБЛЕМ Е ДА ИСПОЛНУВАШ. И НАРОДОТ ДА НЕ ГО ЛАЖЕШ. А УШТЕ ПОМАЛКУ ВО ОВА ВРЕМЕ НЕВРЕМЕ  ДА РЕШИШ ДА МУ ЈА ДЕРИШ КОЖАТА.

 

  • ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ СО ДРУЖИНАТА ПРЕД ИЗБОРИТЕ МЕЃУДРУГОТО  ВЕТУВАШЕ НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ВОДАТА  ВО ПРИЛЕП. ОСУМ МЕСЕЦИ НЕ ПОМИНАА ИЗЛЕГУВА НЕГОВИОТ ДРУГАР ИГОР ГУЛАБОСКИ ДИРЕКТОР НА Ј.П.ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА И ОНАКА ОДВАЖНО МЕНАЏЕРСКИ РАСПАЛИ СО ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА. СТРУЈАТА ПОСКАПЕЛА. ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА РУШАТ РЕКОРДИ, А ТРОШОКОТ ИМ СЕ ЗГОЛЕМИЛ. ПА КАЖУВА ЗА 204  ВРАБОТЕНИ АМА НЕ КАЖУВА КОЛКУ ОД ТИЕ ВРАБОТЕНИ СЕ ЧИНОВНИЦИ И СЕДАТ ПО КАНЦЕЛАРИИ, ИЛИ КОЛКАВ Е БРОЈОТ НА ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ КОЈ СЕ ГРИЖИ ЗА ОДСТРАНУВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ, И КОЛКАВА Е ПЛАТАТА  НА ТИЕ ШТО РАБОТАТ, А КОЛКУ НА ТИЕ ШТО ,,ЛЕЖАТ“. НЕ КАЖУВА ДЕКА ОВА ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРЕКУ ПРИЛЕПСКИ ХУМОР ГО НАРЕКУВААТ БАНКА. ЛЕСНО Е ДА МУ ГО ИЗГОРИШ ЏЕБОТ НА НАРОДОТ ЗА ПЛУС 20 %  НА СМЕТКИ И ДА ГО РЕШИШ ПРОБЛЕМОТ. ПРИТОА ТОЈ ЗАБОРАВА ДЕКА СЕГА МЕНАЏИРА СО ВОДОВОД, А НЕ СО ПЕЧУРКАРА. БЕЗ ПЕЧУРКИ СЕ МОЖЕ, АМА БЕЗ ВОДА НЕ СЕ МОЖЕ. БИДЕЈЌИ КОРИСТИШ ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА – ЕВЕ ТИ УШТЕ ЕДЕН ПОДАТОК: ВО РЕНОМИРАНА ФИЛИЈАЛА НА БАНКА СО ПОВЕЌЕ ЕКСПОЗИТУРИ ВО ГРАДОВ ИМА 22 ВРАБОТЕНИ, А ПЛАТИТЕ ТАМУ НЕ СЕ ПОВИСОКИ ОД 29.000 ДЕНАРИ. Е ТИЕ БАНКАРСКИ РАБОТНИЦИ, УТРЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ОДОБРАТ КРЕДИТ ЗА ДА МОЖАТ МНОГУ ЛУЃЕ  ДА СИ ГИ ПЛАТАТ ВАШИТЕ СМЕТКИ.

 

  • И МЕНАЏЕРОТ НА ЈКП КОМУНАЛЕЦ РУБИН АБРАШОСКИ ,,ПЛАЧИ “, ДЕКА ИМАЛ МНОГУ ТРОШОЦИ, А МАЛКУ ПАРИ. ПА ВЕЛИ, ЌЕ СПРОВЕДАТ НЕ МНОГУ ПОПУЛАРНА МЕРКА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СМЕТКИТЕ ОД 60%. ГО СЛУШАМ ЧОВЕКОВ И СИ ВЕЛАМ – ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ ИЛИ НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ?! ПОВИСОКИ ИЛИ ПОНИСКИ?! А ПОПУЛАРНИ И НЕ ПОПУЛАРНИ НА ЕСТРАДАТА МЕЃУ ПЕЈАЧИТЕ, АКТЕРИТЕ, МУЗИЧАРИ И ШОУМЕНИТЕ. ,,ПЛАЧИ“ АБРАШО, АМА И ТОЈ НЕ КАЖУВА 387  ОД ВРАБОТЕНИТЕ – КОЛКУ СЕ ШЕФОВИ НА ШЕФОВИТЕ ?!  КОЛКУ, ПОКРАЈ КОМИСИЈАТА ЗА ТЕНДЕРИ ИМА РЕФЕРЕНТИ ЗА ТЕНДЕРИ И ЗАМЕНИЦИ РЕФЕРЕНТИ ЗА ТЕНДЕРИ?  ЕДНО ВРЕМЕ МАВТАШЕ СО СПИСОЦИ КОЛКУ СДСМ ЗГРИЖИЛ ОД СВОИТЕ ПАРТИСКИ КРЕМЧИЊА. А КОЛКУ ОД ВРАБОТЕНИТЕ СЕ МЕТАЧИ, КОСАЧИ,СОБИРАЧИ НА СМЕТ, ВОЗАЧИ НА СТАРИ И ИСКАНТАНИ КАМИОНИ… АБРАШО НЕ КАЖУВА НА КОЛКУ ОД ТИЕ НА НЕГОВИОТ СПИСОК  МУ ЈА ЗГОЛЕМИ ПЛАТАТА, А КОЛКУ НА ОВИЕ КОИ РАБОТАТ И СЕ МАЧАТ СО МЕТЛИ ОД 18 ВЕК ДА ГО ЗАЧИСТА, А НЕ ДА ГО ИСЧИСТАТ ГРАДОТ. НЕ КАЖУВА КОЛКУ ОД ТРИЕСЕТИНА БУНАРИ ШТО ГИ БУШЕШЕ ЏЕКЧЕТО ЗА ТЕХНИЧКА ВОДА  ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КОМУНАЛЕЦ СЕ ВО ФУНКЦИЈА.

СО АМИН НА СОВЕТОТ ГИ ЗГОЛЕМИВТЕ СМЕТКИТЕ. СЕГА КАЖЕТЕ ОД КАДЕ НАРОДОТ ДА ГО ЗГОЛЕМИ ДОМАШНИОТ БУЏЕТ ЗА ДА ВИ ГИ ПЛАТИ ВАШИТЕ СМЕТКИ, ОНИЕ ЗА СТРУЈА, ЗА ХРАНА?! СО ВАКВА МАТЕМАТИКА И ПОЛИТИКА И ,,БАБА ЖАБА“ МОЖЕ ДА БИДЕ МЕНАЏЕР!! НЕ МОРА ВИЕ.  

 

  • И ОВИЕ ОД СДСМ СМЕУРИЈА!! ИЗБОРИТЕ ГИ ЗАГУБИЈА СО 7.500 ГЛАСОВИ, ПА ЌЕ ГИ ИСКОРИСТЕЛЕ СИТЕ ДЕМОКРАТСКИ СРЕДСТВА ДА ГИ СПАСЕЛЕ ГРАЃАНИТЕ ОД ВИСОКИТЕ СМЕТКИ. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ, ВЕТУВА, А НЕ ГЛЕДА КУТРИОТ ШТО ,,ВОЈСКА“ СТОИ ЗАД НЕГО. ПО НЕГО ИЗЛЕГУВА И КООРДИНАТОРКАТА НА СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ МОНИКА ГРАШЕСКА. АЈДЕ ШТО ГО ПОВТОРИ ТОА ШТО ГО КАЖА ЦАКИО, СЕ ДРЗНУВА И  СПОМНУВА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА И НЕПОТИЗАМ ШТО СЕГА ПРАКТИЦИРАЛ ВМРО-ДПМНЕ ОСОБЕНО ОТКАКО ЈА ДОБИ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ. СИ ВЕЛАМ : БЕЗ ГРАМ СРАМ ШТО ЗБОРУВА ЖЕНАВА?! ПА КОЈ ДО ВЧЕРА БЕШЕ ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ??? КАДЕ СЕ ВРАБОТИЈА МНОГУ  ЖЕНИ, СЕСТРИ, ДЕВОЈКИ, ШВАЛЕРКИ НА ОВИЕ ,,ИЗБРАНИВЕ“ ОД СДСМ??? СИТЕ НА ДРЖАВНА ,,ЦИЦКА“. СЕ ЧУДАМ КАКО НЕКОЈ НЕ ПОСАКА И НЕ ПОБАРА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПРИВАТНА КОМПАНИЈА?!? АМА – ТАМУ ТРЕБА РАБОТА, НЕ ШПИЦЕРАЈ!!! ПОТКАЧЕНИ  НА ВИСОКИ ШТИКЛИ, СТЕГНАТИ,ФАРМЕРКИ, КУСИ СУКЊИ И ОД МЕНЕ ДО ТЕБЕ НИЗ ПРИЛЕПСКАТА ЧАРШИЈА, ДЕНГУБАТ И ПЛАТИ ЗЕМААТ…

 

  • БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП АКО ТИ РЕЧЕ – ДОБАР ДЕН, ТРЕБА ЧОВЕК ЧАСОВНИКОТ ДА ГО ВИДИ- ДАЛИ Е ДЕН ИЛИ НОЌ. ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СЕГА РАБОТНО АНГАЖИРАЛ И ВРАБОТИЛ НАД 50 НОВИ ЧЛЕНОВИ ПОДРЖУВАЧИ ИЛИ СИМПАТИЗЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ. СО ПОСТОЈНИТЕ 160 СЕГА ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Е 210. А ОПШТИНСКИОТ ГОДИШЕН БУЏЕТ Е 25 МИЛИОНИ ЕВРА. СИ ПОСТАВИВ ПРАШАЊЕ ДАЛИ Е МНОГУ ИЛИ МАЛКУ? ПОБАРАВ ОФИЦИЈАЛЕН ПОДАТОК ВО ЕДНА ОПШТИНА ВО СКАДИНАВИЈА ПРИБЛИЖНО ГОЛЕМА КОЛКУ ПРИЛЕП. И ПОДАТОКОТ Е ФРАПАНТЕН. ВО ОПШТИНСКАТА АДМАНИСТРИЦИЈА ТАМУ СЕ ВРАБОТЕНИ 180. А ГОДИШНИОТ БУЏЕТ НА ТАА ОПШТИНА Е 200 МИЛИОНИ ЕВРА. ТАМУ СЕГА СЕ ВРШАТ СЕРИОЗНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ПОМОШ НА СИТЕ ИНСТИТУЦИИ И СЕМЕЈСТВА ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ШТО ПОПРИСТОЈНО ДА ЈА МИНАТ ЗИМАТА СО СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА И ЗА КОМУНАЛИИ. КАЈ НАС ОВИЕ НАМЕСТО МЕРКИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА КРИЗАТА, ГИ ЗГОЛЕМИЈА СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА И КОМУНАЛНИ УСЛУГИ.

 

  • ЧЕТИРИ ГОДИНИ ВМРО-ДПМНЕ ВО ПРИЛЕП ЈА ВОДЕШЕ КАМПАЊАТА ПРОТИВ СДСМ НА ТРИ ОСНОВИ: ВИСОКИ СМЕТКИ ЗА ВОДА.  СУМАТА ЗА НАБАВКА НА ЧЕТИРИ АВТОБУСИ НА МЕТАН ЗА ГРАДСКИ СООБРАЌАЈ И МОВЧЕТО КАЈ СТОЧЕН ПАЗАР. И ТОА ГО ПРАВЕШЕ  СОСЕМА ЛЕГИТИМНО, И СО ПРАВО НА СОМНЕЖ ЗА КОРУПТИВНИ СКАНДАЛИ ЗА ЗАШТИТА НА ГРАДОТ И ПОДОБАР ЖИВОТ ВО ПРИЛЕП. НО, ДЕНОВИВЕ ОРТОПЕДОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЈОВЧЕСКИ ПРОМОТИВНО ВОЗЕЛ ГРАЃАНИ СО ЕЛЕКТРО АВТОБУС. ГЛЕДАМ И СЕ ЧУДАМ. И ОВОЈ ЕЛЕКТРО АВТОБУС Е ОД  ИСТАТА ФИРМА ОД КАДЕ ШТО ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРТОПЕДОТ ЈОВАНОСКИ ГИ КУПИ СПОРНИТЕ АВТОБУСИ ЗА ВМРО-ДПМНЕ. УСТИТЕ МУ ПРЕСУШИЈА ОД ПЛУКАЊЕ ЗА ВИСОКАТА ЦЕНАТА НА ВОДАТА ЗА СЕГА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ 20%. ГРЛОТО ГИ ЗАБОЛЕ ЗА МОВЧЕТО КАЈ СТОЧЕН ПАЗАР, А СЕГА ИСТАТА ГРАДЕЖНА ФИРМА Е ГЛАВЕН ИГРАЧ ВО ОПШТИНАВА.

И ПАК СЕ’ Е СВЕДЕНО НА ОНАА НАРОДНАТА ,,ПОДРЖИ ГО КОПИЛЕВО ДА И ВИКАМ НА КОПИЛЕШКАНА“!!!

 

  •    ДЕНОВИВЕ ВО ПРИЛЕП ДОЈДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ. ИНКОГНИТО БЕЗ ПОСЕБНИ  НАЈАВИ И ПОМПЕЗНОСТИ. НИТУ ПРИЛЕПЧАНИ РАЗБРАА, НИТУ ГО ВИДОА. А ВОДИ КУТРИОТ ПРОЕКТ  КАМПАЊА ,,ЛИЦЕ В  ЛИЦЕ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ“. БИДЕЈЌИ НИШТО НЕ Е ПРОБЛЕМ ВО ДРЖАВАВА И ВО ГРАДОВ НЕ Е ПРОБЛЕМ И НЕГОВАТА ПОСЕТА.  ПРОБЛЕМ Е ШТО НЕМА ИНФОРМАЦИИ ОД КОЈА СТРУКА БЕШЕ КЛАСОТ ВО КОЈ СЕДЕШЕ КАКО УЧЕНИК ПЕНДАРОВСКИ. ДАЛИ КАКО ПЕКАР ИЛИ КАКО ОВОШТАР ИЛИ ТРАКТОРИСТ?!
  • ПЕНДАРОВСКИ ДЕНГУБЕЛ И ВО МУЗЕЈОТ ЗА ТУТУН. ДОДЕКА ВЛАДАТА,  СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И         ЕКОНОМСКИОТ  СОВЕТ РАСПРАВАШЕ И НОСЕШЕ МЕРКИ ВО КЛУЧНИТЕ МОМЕНТИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА  И ФИНАНСИСКА  КРИЗА ПЕНДАРОВСКИ ГИ РАЗГЛЕДУВАШЕ ЛУЛИЊАТА И ТАБАКЕРИТЕ…

ГЛЕДАМ, СЛУШАМ И СЕ ЧУДАМ…ВИЕ ШТО ГО ВЛЕЧКАТЕ ЧОВЕКОВ ЗА ДА ГИ ЗАДОВОЛИТЕ ВАШИТЕ СУЕТИ И ДА ГИ ОПРАВДАТЕ ПАРИТЕ ОД ПРОЕКТИТЕ ИМАТЕ УМ ВО КОЕ ВРЕМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВА НОСИТЕ НА ВАКВИ ,,ЗНАЧАЈНИ“ МЕСТА.  БОГ ДА НЕ’ ЧУВА ОД БЕТАР !!!      

 

 

Би можело да ве интересира

Правда за шестгодишната Јана – протест во Битола

Пожарот на Криволак го гаснат армиски и полициски хелихоптери

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(14)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе