10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

15 години од последниот концерт на Тоше – колегите и пријателите вечерва во Крушево ќе пеат во негова чест

Под наслов „Со љубов за Тоше“ вечер од 19:00 часот на платото на Гумење во Крушево, пред спомен куќата на Тоше Проески, ќе се одржи концерт во спомен и сеќавање на големата наша и балканска музичка ѕвезда.

Голем број негови пријатели и музичари ќе ги изведат неговите безвремени песни. Пред најавената многубројна публика и фановите на Тоше кои во Крушево ќе дојдат од цела земја, ќе настапат: Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Каролина Гочева, Дани Димитровска, Бени Шаќири, Ѓоко Танески, Мартинијан Кириловски, Јоце Панов, Омар Џафероски, како и солистите на НОБ Билјана Јосифов и Влатко Груески, во придружба на Камерниот оркестар на Битола и бендот на Тоше, кој се собра повторно во чест на Тоше.

 

 

Настанот е во спомен на последниот концерт кој што Тоше го одржа во Скопје, на 5 октомври 2007 година, пред неговото трагично загинување во сообраќајната несреќа на 16 октомври, пред 15 години.

Пред почеток на концертот изведувачите и солистите ќе положат цвеќе на гробот на Тоше.

Организатор на концертот е Спомен-домот на Тоше, а е финансиски поддржан од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Видно оштетена, се реконструира ул. „Питу Гули„ во Крушево

Елизабета Филипоска

ПЛАТФОРМА ЗА ЖАЛБИ И ПОПЛАКИ – Крушевчани со можност да учествуваат во реализацијата на тековните проекти

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Изгаснат шумски пожар во крушевско – исфрлени над 40 тони вода

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе