Пишува Зоран Момироски
- ГОЛЕМА БИТКА СО,,КРВ ДО КОЛЕНА“ ЌЕ СЕ ВОДИ ЗА ДИРЕКТОР НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА. ОГЛАСОТ Е ЗАВРШЕН, А ИМА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ. КЕТИ СМИЛЕСКА КОЈА ВЕДИ, АМА НИКАКО ДА ГО,,ИЗВЕДИ“ ДИРЕКТОРСКОТО МЕСТО, СКОРО ЕДНА ГОДИНА И Д-Р САШО ПИРГАНОСКИ.. ИСТИТЕ КАНДИДАТИ, КАКО И НА ПРЕТХОДНИОТ ОГЛАС КОГА НЕ БЕШЕ ИЗБРАН ГЛАВНИОТ НА БОЛНИЦАТА. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ . СЕГА ПО СЕ’ ИЗГЛЕДА ПРОБЛЕМ Е ШТО ЈАЈЦЕТО ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ,,СНЕСИ“ САМ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ-ЦАКИО, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ-ПРИЛЕП. ТОЈ СЕГА ТРЕБА ДА БИРА МЕЃУ ЗМИЈАТА И МАГАРЕТО. УПЛАШЕН ПАЧЕШКОСКИ И ОД МОЖНО КЛУКАЊЕ ИЛИ ЛУПАЊЕ, РЕШИЛ ДОДЕКА БИЛ ВО ТЕК ОГЛАСОТ, ДА БАРА КАДРИ ОД ПАРТИЈАТА. МОЛЕЛ БАРЕМ ЕДЕН ДА БИДЕ КАКО МОЖЕН ТРЕТ КАНДИДАТ. АМА НИКОЈ НЕ МУ ГО ПРИФАЌАЛ ПРЕДЛОГОТ ПА СЕГА, АКО НЕ МОЖЕ САМ ЌЕ МОРА СО ПОМОШ НА ДРУЖИНАТА ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ. ОД ЕДНА СТРАНА СИТЕ КУКААТ И ПЛАЧАТ КОЛКУ Е ТЕШКО ВО ВРЕМЕ НА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА И ФИНАНСИСКА КРИЗА ДА СЕ БИДЕ ДИРЕКТОР, ОД ДРУГА ПУКААТ СО СИТЕ АРСЕНАЛИ ПО ДИРЕКТОРСКАТА ФУНКЦИЈА И ФОТЕЉА.
- И ДОДЕКА ДВАЈЦАТА КАНДИДАТИ СИ ГИ МЕРАТ СИЛИТЕ ЗА ДИРЕКТОР НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА НАДЛЕЖНОСТ ПРИЛЕП, АДВОКАТИ И ОКОЛУ 250 ОД 500 ВРАБОТЕНИ ОД ПОНЕДЕЛНИК ПРЕКУ СИНДИКАТОТ ГО ЗАПОЧНУВААТ СВОЈОТ СУДСКИ ПОХОД . НЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ ОДРАБОТЕНИТЕ ЧАСОВИ ВО НЕДЕЛА. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ТУКУ ПРОБЛЕМ Е ШТО БОЛНИЦАТА ИМ ДОЛЖИ МНОГУ ПАРИ ОД 1.01. 2022 ГОДИНА ДО СЕГА. ВО НЕДЕЛА ВО ПРОСЕК РАБОТАТ ОКОЛУ 50 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ БОЛНИЧАРИ И ЛУЃЕ ОД ТЕХНИЧКАТА СЛУЖБА. ДОЛГО НЕКОИ ,,ЈАКИ“ ПРАВНИ И ФИНАНСИСКИ СТРУЧЊАЦИ ВО БОЛНИЦАТА ТВРДЕЛЕ ДЕКА ОВИЕ ПАРИ НЕ ИМ СЛЕДУВААТ ПОРАДИ СМЕНСКА РАБОТА. А ИСТИТЕ ТИЕ, КРИСТАЛНО ЈАСНО ЗНАЕЛЕ ДЕКА ВО ДРУГИТЕ БОЛНИЦИ И КЛИНИКИТЕ ОВАА ЗАКОНСКА ОБВРСКА РЕДОВНО ГИ ПОДМИРУВАЛЕ КОН СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ. БИЛА ПОВИКАНА ТРУДОВА ИНСПЕКЦИЈА И КОНСТАТИРАЛА ДЕКА ,,ЈАКИТЕ“ ПРАВНИ И ФИНАНСИСКИ СТРУЧЊАЦИ СЕ ЈАКИ ДА СЕ ШЕТААТ КАКО ,,ПАУНИ“ НИЗ БОЛНИЦАТА. НО НЕ И ДА ГИ СПРОВЕДУВААТ СВОИТЕ ОБВРСКИ.
- ВАЊА ЃОРЃИОСКИ УЧЕНИК ВО ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ПРИЛЕП ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА СВЕТСКИОТ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ВО СЛОВЕНИЈА. ОВОЈ СЕДМООДЕЛЕЦ ОД УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ БЕШЕ ДОЧЕКАН КАКО ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ НА УЧИЛИШТЕТО И НА ГРАДОТ. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ БИДЕЈЌИ ДЕНЕСКА ДА СЕ ПОСТИГНЕ ТАКОВ РЕЗУЛТАТ Е ГОРДОСТ ЗА РОДИТЕЛИТЕ, ЗА НЕГОВИОТ МЕНТОР – НАСТАВНИЧКАТА ФРОСИНА АЦЕВСКА И ЗА ЦЕЛИОТ КОЛЕКТИВ НА ОВА ПРИЛЕПСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ И ЗАСЛУЖУВА РЕСПЕКТ И ВНИМАНИЕ. ПРОБЛЕМОТ Е ШТО ЕДИНСТВЕНО ОВОЈ РЕЗУЛТАТ КОЈ БИ СЛУЖЕЛ ЗА ПОТТИК ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НЕ БЕШЕ ВАЖЕН ЗА ,,ЗАСПАНИНЕ“ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. БАРЕМ НЕКОЈ ДА СЕ ПРИСЕТЕШЕ И ДА ИНСИСТИРА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ ДА ИЗДВОИ ВРЕМЕ, ДА ГО ОДБЕЛЕЖИ ПРАЗНИКОТ И ДА МУ ОДДАДЕ ПРИЗНАНИЕ И НА УЧЕНИКОТ И НА КОЛЕКТИВОТ ЗА ОВОЈ ПРАЗНИК. НА КРАЈ, И ДА НЕ ГО ПОТСЕТИЛЕ САМИОТ ТРЕБА ДА ИМА ПОЧИТ КОН ОВОЈ ДЕН, БИДЕЈЌИ ИСТИОТ ТОЈ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ Е ИЗРАСНАТ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ТОЈ ТЕЖОК УЧИТЕЛИСКИ ЛЕБ. СЕКОЈ ПРИЕМ ПО ОВОЈ ДЕН Е СПОРЕД ОНАА НАРОДНАТА ,,ПО СВАДБА“ ТАПАНИ, НЕ Е СВАДБА,ТУКУ ТАПАН И ГАЈДА ЗА ЖАЛЕЊЕ.
- ПРИЛЕП Е ГРАД ХЕРОЈ И ПРВОБОРЕЦ. ДАЛИ И КОЛКУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГРАДОТ КАДЕ ПУКНА ПРВАТА ПУШКА ДОПРВА ЌЕ СЕ ЗНАЕ. ИАКО НЕКОИ НОВИНИ И СПЕКТАКУЛАРНИ ПОРАКИ ДА МУ СЕ ИСПРАТАТ НА ИСТОЧНИОТ СОСЕД ОД,,ПАТРИОТИТЕ“ НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ. И ТОА НЕ Е НЕКОЈ ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ БИДЕЈЌИ ОДАМНА СЕ ИЗМЕШАНИ ТЕЗИТЕ МЕЃУ ОКУПАТОРИ И АДМИНИСТРАТИВЦИ. ЗА ГРАДОТ БИ ТРЕБАЛО ПРОБЛЕМ ДА БИДЕ КАКО Е УРЕДЕН ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА. ПРЕД СЕ’ АЛЕЈАТА НА НАРОДНИТЕ ХЕРОИ И МОГИЛАТА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ. СТРАМ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ Е ШТО НА МНОГУ ПОСТАМЕНТИ ОДЛЕПЕНИ СЕ ЗАШТИТНИТЕ МЕРМЕРНИ ПЛОЧИ. НИТУ НЕКОЈ ТОА ГО ЗАБЕЛЕЖАЛ, НИТУ НЕКОЈ ПРЕЗЕМА МЕРКИ ТИЕ ДА СЕ САНИРААТ, ИАКО СТАНУВА ЗБОР ЗА НАРОДНИ ХЕРОИ ! МНОГУ ОД СКАЛИТЕ ЗА КАЧУВАЊЕ СЕ ИСКРШЕНИ, А МЕРМЕРНИТЕ ПЛОЧИ ОД ПАТЕКИТЕ ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ ОД ВРЕМЕТО КОГА ТИЕ СЕ ПОСТАВЕНИ. ПОСЛЕДЕН ГРАДОНАЧАЛНИК КОЈ НЕШТО НАПРАВИ ЗА САНИРАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ БЕШЕ МАРЈАН РИСТЕСКИ. ТОЈ И РЕКРЕИРАШЕ И МИСЛЕШЕ КАКО ДА ГО НАПРАВИ ПОПРИСТОЈНО И ПОДОСТОЈНО МЕСТО ЗА ПРИЛЕПЧАНИ И ЗА ОНИЕ КОИ ГО ПОСЕТУВААТ ОВА МЕСТО. И ТОГАШ, И СЕГА, ДЕЛ ОД ПАРКОТ Е ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ГРАДОТ И НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА. ПРАШАЊЕ Е САМОИНИЦИЈАТИВНОСТА И ПОТРЕБАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ЗА СРЕДУВАЊЕ НА ОВОЈ ИСТОРИСКИ МОНУМЕНТ. ДО ТОГАШ ВИЕ КОИ ЌЕ ОДИТЕ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 11 ОКТОМВРИ – ВНИМАВАЈТЕ НА МЕРМЕРНИТЕ ПЛОЧИ ОД ПАТЕКИТЕ ДА НЕ СЕ СПРЕПНИТЕ, ПА ДА МУ ОТВОРИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА НА ОРТОПЕДОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ.