3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Витаминка една од редовните изложувачи на големиот саем за храна и пијалаци Интерфуд & Дринк

Со целосниот асортиман веќе достапен на бугарската јавност, Витаминка и оваа година се претставува на Интерфуд & Дринк,  една од најголемите саемски манифестации за храна и пијалаци во Југоисточна Европа што одржува во Бугарија. Најголемата кондиторска компанија во земјава го претставува своето богато портфолио, составено од производи од сите сегменти и од слатката и солената програма.

Интерфуд & Дринк е познат по тоа што претставува погодна средина за споделување искуство и иновативни пристапи во производните процеси. Освен од домашните компании, посетен е од голем број странски компании, дистрибутери, продажни ланци, деловни делегации, трговски друштва и слично.

„Витаминка и нашите производи се многу добро познати на бугарската јавност, и тоа ни дава голема предност при претставувањето тука. Но, тоа што Интерфуд & Дринк ги спојува најголемите компании од овој сектор во Југоисточна Европа и големото присуство на компании, дистрибутери и продажни ланци токму на овој саем, го прави клучен за нас за воспоставување директни бизнис релации и со тоа за создавање реални можности за проширување кон нови пазари“, вели директорот на извоз, Љупчо Велески.

Како дел од саемските содржини и во насока на отворање можности за соработка, е и платформата за многу конференции, натпревари, презентации, семинари, деловни состаноци и друго. Интерфуд & Дринк се одржува од 5 до 8 октомври, оваа година по 21ви пат, со над 550 изложувачи, се претставуваат над 1200 брендови и се очекува посетеност од над 24 000 посетители и купувачи.

Би можело да ве интересира

Прилеп не го предава второто место според бројот на активни Ковид случаи

Гордана Цветаноска

Автомобил удрил во мопед-прилепчанка тешко повредена

Пела Редакција

Прилеп се збогува од Гоце Илиески, пожртвуваниот борец од Брзата помош

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе