Пишува Зоран Момироски
- СВАДБАТА БЕШЕ И ПОМИНА. ВО СПОРЕДБА СО МИНАТИТЕ ГОДИНИ ГОДИНЕШНОВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 11 ОКТОМВРИ НЕ СУМ СИГУРЕН ДАЛИ БЕШЕ ,,СВАДБА,“ ИЛИ СКРОМНО ,,СВАДБУЛЕ“. ДУРИ И НА ТАКВИ СЕМЕЈНИ ПРОСЛАВИ СЕ ПРАВАТ ПОДОЛГИ, ПОУБАВИ И ПОСПЕКТАКУЛАРНИ НАСТАНИ И ОГНОМЕТИ. СО ВНИМАНИЕ ГО СЛУШАМ ТАТКОТО НА ГРАДОВ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. МЕ ВООДУШЕВИ ЧОВЕКОТ СО НАЈАВАТА ДЕКА ГРАДОТ ХЕРОЈ И ПРВОБОРЕЦ ГО ЧЕКА ГОЛЕМА ИНФРАСТРУКТУРНА ОФАНЗИВА, ВО КОЈА ЌЕ БИЛЕ РЕХАБИЛИТИРАНИ 40 УЛИЦИ, И ВЛЕЗОВИТЕ ОД КРУШЕВО И МАКЕДОНСКИ БРОД. А НАСКОРО ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ КОНЕЧНО ЌЕ БИЛ ЗАВРШЕН СО ПОПЛОЧУВАЊЕ КРАКОТ ОД УЛИЦАТА БОРКА ТАЛЕСКИ ОД СПОМЕНИКОТ НА ГАЈДАЏИЈАТА ПЕЦЕ АТАНАСОСКИ ДО О.У. КОЧО РАЦИН. И СО ТОА ЌЕ БИДЕ УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ОВАА ГОДИНА. ГО ГЛЕДА СО ЧУДЕЊЕ НЕГОВИОТ ЛИДЕР ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ. ЈАСНО МУ Е ШТО ОВОЈ ЗБОРУВА, ПА ВЕЛИ: НАПРОЛЕТ ЌЕ ПОЧНЕ ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА И ГОЛЕМИТЕ ПРОЕКТИ. СЛУШАМ СО ВНИМАНИЕ И СИ ВЕЛАМ – АКО ПОРАНО ЗА ГОЛЕМИ ОПШТИНСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ БЕА НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА СО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ И МИНИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, ТИПСКАТА НАСЕЛБА, НОВА ГРАДСКА БОЛНИЦА, РЕГИОНАЛЕН ВОДОВОД СТУДЕНЧИЦА, ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ И ДРУГО, ОВИЕ И ПРЕТХОДНИТЕ, ЗА КОИ ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ НИ ЗБОРУВААТ ?!? И ТОА СО ОПШТИНСКИ БУЏЕТ ОД 25 МИЛИОНИ ЕВРА!!! БЕЗ СТРАМ ГРАМ, ЈОВЧЕСКИ ВЕЛИ ЌЕ ГРАДЕЛЕ И ОБИКОЛНИЦА СИВЕЦ-ОРЕОВЕЦ-ПЛЕТВАР. ПА ТОА Е ИДЕЈА НА ТВОЈОТ ПРЕТХОДНИК – КОЛЕГА ПО СТРУКА ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ. ЈА НУДИШ,АМА НЕ КАЖУВАШ КАДЕ ОВАА ОБИКОЛНИЦА ЌЕ СЕ СПОИ СО ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ПРИЛЕП- ГРАДСКО. ПРОЕКТОТ СЕ РЕАЛИЗИРА, А СПОЈ ЗА КАМИОНИ СО НОСИВОСТ ОД 20 ТОНИ НИТУ ИМА, НИТУ МОЖЕ ДА ИМА! ОВА ТВОЕВО МИ НАЛИКУВА НА ОНАА КАМПАЊА ОД ВАСИЛ ТОПУРКОВСКИ. ТОЈ ВАДЕШЕ САЛФЕТКИ ОД ЏЕБ И ВЕТУВАШЕ ПРОЕКТИ.
- НА 11 ОКТОМВРИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО – ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ПРИ ПРЕСТОЈОТ ВО ПРИЛЕП, ОВИЕ ЛОКАЛЦИВЕ, ЧОВЕКОТ ГО ОДВЛЕЧКАА НА ПАШОСКИ ЛИВАДИ. ПРОЕКТ ЗАПОЧНАТ ОД ВРЕМЕТО НА ПРЕТХОДНИКОТ НА ГУЛАБОСКИ – ЕМИЛ ЈАНЕСКИ. И ТОЈ И ЈОВАНОСКИ, ВЛЕЧКАА ВЛАДИНИ ФУНКЦИОНЕРИ ЗА ДА ПОКАЖАТ И ДОКАЖАТ КАКО СЕ РАБОТИ НА ОВОЈ ПРОЕКТ СО ПАРИ ОД ТАВ. АМАН! АКО ЗНАЕТЕ ЗАВРШЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ И ДОСТА СО ПАШОСКИ ЛИВАДИ !!! НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА ГО ГРАДЕВТЕ РЕГИОНАЛНИОТ ВОДОВОД СТУДЕНЧИЦА, КОЈ ЗНАЕ ШТО ЌЕ БЕШЕ?!?
- КОГА СУМ КАЈ ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЕМИЛ ЈАНЕСКИ, ТОЈ СЕГА ИМА ФУНКЦИЈА. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРАЃАНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ,,ЗА НАШИТЕ ГРАЃАНИ“, ЧИЈ ИДЕЕН ТВОРЕЦ Е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ. И ТОА Е СОСЕМА ДЕМОКРАТСКИ И ЛИЧЕН ИЗБОР НА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ . МУ ЈА РАЗБИРАМ ИДЕЈАТА НА МАКСИМ. ПОМИНА МАКОТРПЕН ПАТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА, А И ПРЕТХОДНО ВО НАЈВИСОКИТЕ ОРГАНИ И ТЕЛА ВО ПАРТИЈАТА. БИДЕЈЌИ ЛИЧНО СЕ ПОЗНАВАМЕ ЗНАМ И КОЈ МУ Е МОТИВОТ. И БИТКАТА СО ПОЕДИНЦИ И МОЌНИЦИ ВО СДСМ.
- НО, КАКО ТРПЕ ШТО БАРАЛ, СЕГА И ЈАС БАРАМ ЛОГИКА КАЈ ПОЕДИНЦИ КОИ ГИ ГЛЕДАВ НА ТАА ПРОМОЦИЈА. СДСМ МУ ДАДЕ БУКВАЛНО СЕ’ ВО СПОРЕДБА СО ОНИЕ НАСТАВНИЦИ, ВОСПИТУВАЧИ И ДРУГ ПЕРСОНАЛ ВО ЛОКАЛНАТА САМУПРАВА КОИ ОСТАНАА НА УЛИЦА… НА ОВИЕ ,,ЛИЖАЧИ“ КОИ СЕ ПОДГОТВЕНИ КРВТА ДА МУ ЈА ИСЦИЦААТ НА ЧОВЕК СДСМ МУ ВРАБОТИ СИНОВИ, ЖЕНИ… СИТЕ НА ДРЖАВНА ,,ЦИЦКА“ ДУРИ ВО ЕДНА ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА, НА ЕДЕН МУ Е ДАДЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНА ОБВРСКА ЗА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК, ПЛУС ПЛАТА.
- ЈАС СО ЈАНЕСКИ ГО ДЕЛАМ ИСТОТО МИСЛЕЊЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО СДСМ. И ЈАВНО ЗБОРУВАМ. АМА ЗА ИСТОТО ШТО СЕГА ГО ЗБОРУВАВ, ТОЈ ПРЕД ПЕТ ГОДИНИ МИ ВЕЛЕШЕ ДЕКА МОЕТО МИСЛЕЊЕ Е СУБЈЕКТИВНО, ДЕКА СУМ СТАНАЛ ПОГОЛЕМ ВМРОЕЦ ОД ВМРОВЦИТЕ И ДЕКА МНОГУ ГРЕШАМ. ТРЕТИОТ ВО ОВОЈ РАЗГОВОР МНОГУ БРЗО РАЗБРА ШТО СУМ ЗБОРУВАЛ. АМА НЕ МИ Е ЈАСНО, КАКО ВИЕ, КОИ ДО ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ПАЛЕВТЕ И ЖАРЕВТЕ ВО СДСМ-ПРИЛЕП СЕГА СЕ ОСВЕСТИВТЕ ДЕКА ПАРТИЈАТА Е ЗАРОБЕНА ОД ПОЕДИНЦИ. ПА ИСТИТЕ ТИЕ ПОЕДИНЦИ И ТОГАШ, И СЕГА, СЕ ГЛАВНИ ВО ПАРТИЈАТА. ЕВЕ ЈАС, ИМАМ ДОБЛЕСТ И БАРАМ ИТНА ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ МИЛЕ ТАЛЕВСКИ, ЕКС МИНИСТЕРОТ ГОРАН СУГАРЕСКИ И ДРУЖИНАТА, ДА СЕ ТРГНАТ ОД ПАРТИСКИТЕ МЕШАЊА И ФУНКЦИИ. АМА, ОСТАВКАТА ЈА БАРАМ ПОРАДИ ЛОШАТА КАДРОВСКА ПОЛИТИКА И РЕДЕНКИТЕ ШТО ГИ ПРАВЕА ВО ИЗМИНАТИВЕ ПЕТ ГОДИНИ. А ГИ СПРОВЕДУВАШЕ И ТИ (ЕМИЛ ЈАНЕСКИ), ТОКМУ ОД ТИЕ ,,ГАЗДИ“ ВО СДСМ, НО И ОД ТВОЈОТ ЕКС ШЕФ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ.
- НА КРАЈ, МАКЕДОНИЈА Е СТАВЕНА НЕ НА БРЗА, ТУКУ НА ЕКСПРЕСНА ЛИНИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ. ЛИСТАТА НА ТИЕ ЛУЃЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ТРГНАТ ОД ЛИНИЈАТА ВО ПРВА ФАЗА СЕ ОКОЛУ 200. ВО ПЕЛАГОНИЈА ОКОЛУ 52. А ПОТОА, ВО СЛЕДНИВЕ 12 ДО 18 МЕСЕЦИ ЌЕ БИДАТ СПРОВЕДЕНИ ВТОРА И ТРЕТА ФАЗА, АМА НЕ КАКО ОНАА ОД ПАШОСКИ ЛИВАДИ…
Кој разбра – разбра, кој не, негов проблем!!!