11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп утре го одбележува Денот на ослободувањето од фашистичките окупатори

Во спомен и вечно сеќавање на жртвите на хероите, со положување венци и свежo цвеќe на спомениците на Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Могила на непобедените, споменикот кај месноста Песјобрдце, претставници од локалната самоуправа, политички партии, граѓани и граѓански здуженија,  градот – првоборец, Прилеп, утре ќе го одбележи 3-ти Ноември, Денот на конечно ослободување од фашистичкиот окупатор.

Чествувањата започнуваат претпладне кога со почеток од 11 часот на платото кај Цепенков кај големата шаховска табла ќе се одржи и Отворен турнир во забрзан шах „Трети Ноември 2022“ во организација на ШК Прилеп. Традиционално, утре вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи јавна свечена седница на Советот на општината кога ќе бидат доделени Третоноемвриските награди во големата сала на Општина Прилеп. 

 

 Ослободувањето на Прилеп во Втората светска војна е дел од завршните операции за ослободување на Македонија. Во мугрите на трети ноември 1944 година, почнал последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели од кај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишкиот мост. Тоа е последната акција за Прилеп и во градот влегле ослободителите. Во последните два дена Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола.

Би можело да ве интересира

За 1 година се затворени 14 училишта, се намалува бројот на ученици во Македонија

Пела Редакција

Била физички нападната од сопругот, кој го оштетил и нејзиното возило

Пела Редакција

“Градината во нашата градинка” – проект на ЛАГ АГРО ЛИДЕР со градинката Весело штркче, Кривогаштани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе