5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Утре на плоштад прилепските пратеници во комуникација со граѓаните

Утре , на плоштадот „Александрија„ од 12,оо ч,  тројцата прилепски пратеници ќе бидат достапни за граѓаните на Прилеп,  во рамките на проектот на Собранието на Р.Македонија насловен  ПАРЛАМЕНТАРЕН КАРАВАН „СОБРАНИЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ“. Тројцата прилепски пратеници, Ане Лашкоска, Петар Ристески и Миле Талевски ќе имаат свои позиции на локациите на караванот на кои што ќе можат да комуницираат, и, со граѓаните и со претставниците на граѓанските организации. Идејата е пристапот до нив да биде отворен и да разговараат со прилепчани на различни теми. Граѓаните можете да поставувате различи прашања како што се : „Каков имунитет имаат пратениците?“,  „Колку одговорно ги застапуваат граѓаните?„ Како ги преставуваат граѓаните во највисокиот законодавен дом?!„ итн

Разговори со преставниците на граѓнскиот сектор и граѓаните не би биле модерирани, туку би се одвивале директно.

Инаку, целиот настан , кој врпочем започнува од 11,оо ч, е замислен  како презентацијата на содржината за Собранието и би требало да претставува кратка верзија на тоа што вообичаено се презентира пред посетителите кои го посетуват Собранието, како и презентирање на новиот сајт, дата-порталот и слични содржини на Собранието.

Кампањата „Собрание за граѓаните“ се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, 10-годишен проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во Република Северна Македонија. „Програмата за парламентарна поддршка“ се спроведува од Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП).

Би можело да ве интересира

Во Прилеп ќе продефилираат 50 гајдаџии – 50 години од Фестивалот „Пеце Атанасовски“

ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ го одбележува Месецот на книгата

Пела Редакција

Со минирање започнаа градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, недостигаат работници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе