9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Лавовите ги собраа бодовите од Прилеп (ФОТО)

Рамноправно прво полувреме на првенствената пресметка помеѓу Победа и Македонија Ѓорче Петров.Во почетните минути по една полушанса за гол и на двете страни за да во 31 минута,Абази од редовите на гостите да избегне офсајд ситуација и да го отвори резултатот.Но домаќините израмнија само неколку минути подоцна кога од корнер ситуација и со глава, мрежата ја погоди Ѓурковиќ. Првиот дел го обележа и жолтата боја , Ставрев ги нареди со жолти и едните и другите.

И во второто полувреме гостинот повторно постигнува прв погодок.Од наизглед безопасна ситуација, Скендери пласираше во десниот долен агол и го совлада Тофиловски. На седум минути пред крајот резервистот Алексовски реализираше на одбиена топка од домашниот голман и го зголеми водството на 1:3. Како краен епилог впечатокот е лош за црвено белите,  зошто само еднаш успеаа да ја затресат  мрежата на лавовите а прилепската публика очекуваше нов триумф.Вака скопјани за многу кратко време се подобри од Победа , еднаш во купот и сега во шампионатот.

 

Би можело да ве интересира

Ракометно дерби во плеј аут лигата – прилепчани на мегдан со Еурофарм Пелистер 2 (ФОТО)

Никола Димески

Кастратовиќ останува во РК Прилеп

Пела Редакција

Матеа Талеска карате надежта од Бонсаи – репрезентативка на Македонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе