Од први декември за период од 4 месеци финансиска поддршка ќе добиваат корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, корисници на право на надоместок за телесно оштетување и невработени лица корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, односно стечајни работници.
Финансиската поддршка за корисниците кои оствариле прво на социјална заштита изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, почнувајќи од наредниот месец . Финансиската поддршка за пензионерите чија пензија не е поголема од 11 525 денари месечно, изнесува 1 500 денари месечно, а за оние со пензии од 11 525 до 14 000 денари месечно, изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци. Финансиската поддршка за корисниците со право на надомест од телесно оштетување изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци. Финансиската поддршка за стечајците изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
Исплатата ќе се врши на трансакциска сметка на корисникот на финансиска поддршка без поднесување барање од страна на корисниците, врз основа на списоци изработени согласно податоците на Министерството за труд и социјална политика, Фондот за ПИОМ и Агенцијата за вработување.