18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Стартува откупот на тутунот

Три откупувачи од утре, 16 ти ноември стартуваат со преземање на годинешната реколта. Условите за старт на откупната кампања, според најавите, ги исполниле Тутунски Комбинат Прилеп, Пашоски и Алијанса, а наредниве денови започнуваат со откуп и останатите компании. Вкупно 10 откупувачи ќе стават на располагање  223 ваги за проценка на производството.

Со анекс на договорите новите цени ќе изнесуваат за прва класа 300 денари за кгр, за втора класа 240 денари, за трета класа 180 денари и за четврта класа 100 денари, што е зголемување за 20 отсто во споредба со првично направените договори.

Би можело да ве интересира

Традиционални Василичарски огнови низ општина Новаци

Елизабета Филипоска

Семејните веселби причина за кластерите! Бројот на заболени расте, Инфективното одделение, речиси полно! Ќе се вратиме ли повторно на повеќедневен карантин?!

Елизабета Филипоска

Кичевчани најдобри на турнирот во Кривогаштани

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе