11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јовчески: Реализирани околу 60 проценти од програмата и покрај тешката наследена финансиска состојба

Реализирани околу 60 проценти од програмата и покрај тешката наследена финансиска состојба е одличен резултат во првата година од мандатот вели градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески во неговото обраќање на регионалната средба и трибина на општините од Пелагонискиот плански регион и во изјава дадена  на Тера ТВ

“Наследивме долг од 300 милиони денари и оваа состојба мораше да биде почетната точка на мојот мандат. Изминатава година веднаш започнавме да се справуваме со предизвиците и ветувањата кои ги дадовме пред изборите на граѓаните, а годинава успеавме да исполниме голем број од нив. Завршени се градежните работи на градинката во населба Точила, а остануваат уште некои активности на министерството за труд и социјална политика околу внатрешното доопремување. Градинката е со капацитет за најмалку 250 деца, а за најмладите го реализиравме и ветувањето за доделување по 6000 денари за секое новородено дете во нашата општина. Во завршна фаза е изградбата на крак на плоштадот Методија Андонов Ченто, кој е со површина од околу 3.500 метри квадратни, кој е изграден со целосна инфраструктура и урбана опрема, додаде Јовчески.

Како еден од најголемите капитални проекти на општина Прилеп во идната 2023 година, градоначалникот Борче Јовчески го издвои проектот за уредување на еден од влезовите во Прилеп, од страната на Крушево.

„Станува збор за ново булеварско решени во должина од повеќе од 2 километри, каде општината ја има завршено целата потребна документација, а следна фаза е спроведување на тендерските постапки и почеток на градежни работи„ рече  градоначалникот Јовчески  нагласувајќи дека економската и енергетска криза пресставувале пречка за реализирање на проблмите.

 

 

Би можело да ве интересира

„Не бегај од опера“ концерт во Цепенков

Ќе се бара чаре за Универзалната сала!

Гордана Цветаноска

Одбележана неделата на грижа на стари лица – учениците од прилепското основно училиште Кире Гаврилоски – Јане ги развеселија штитениците од старскиот дом во Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе