11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ПЛАНИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА 2023 ГОДИНА, ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА

Четири програми беа презентирани денеска на третата форумска сесија за планирање на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година. Станува збор за предлог проекти кои се однесуваат на инфраструктурно доуредување и комунални зафати за заштита на животната средина.

Пред присутните жители на Општина Новаци беа презентирани други четири програми од буџетот со предлог проекти и тоа:

Програма Ф1 – Урбанистичко планирање. Во оваа програма планирани се 2 милиони денари, средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој

Програма ЈД – Изградба и реконструкција на локални патишта и улици. Во оваа програма планирани се 3.231.567,00 денари, дел средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој а дел од сопствени приходи.

Програма РА –Заштита на животна средина и природа. Во оваа програма планирани се 5.752.000,00 денари, средства од Министерството за животна средина и просторно планирање и голем дел од средствата ќе бидат наменети за изградба на пешачката патека до манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.

Програма Ј4 – Јавна чистота. Во оваа програма планирани се 6 милиони денари, средства од Буџетот на Општина Новаци и истите ќе бидат искористени според потребите и согласно програмата која ќе биде разгледана Iи одобрена на Совет.

Од присутните граѓани на форумот при разгледувањето на горенаведените четири буџетски програми беа дадени следните предлози: изградба на индустриската зона во Новаци, изградба на деловни простории, паркинг простор кај гробиштата и кај основното училиште во Новаци, пешачка патека до манастирот, реновирање на фасадите на зградите во центарот на Новаци, изградба на рекреативен парк во Новаци, велосипедска патека Битола – РЕК по трасата на топловодот, изградба на отворен и затворен базен, реконструкција на детските паркчиња, промена на реквизитите, изградба на обиколница околу Новаци за тешки товарни возила, игралиште кај ветеринарната станица, реконструкција на патот Рибарци – Грод – Гнеотино, доизградба на патот во продолжение на тој што се асфалтираше оваа година во Долно Агларци, доасфалтирање на пат во с. Далбеговци, да се реконструира улицата кај црквата Св. Атанасиј и полициската станица во Новаци, акции за пошумување, работилници за подигнување на општата свест кај децата и возрасните за зачувување на чистотата и животната средина, поставување на канти за отпадоци и контејнери во Новаци, времено ангажирање на работиници за јавна чистота и сл.

Целта на програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум“ е планирање на општинскиот буџет за следната 2023 година  во консултација со граѓанството во зависност од нивните потреби. Буџетскиот форум е најдобра можност општината да покаже високо ниво на транспарентност и отчетност пред граѓаните. За граѓаните ова е можност да увидат дека планирањето на ограничените средства не е воопшто лесно и дека општината не може да ги оствари сите приоритети.

Би можело да ве интересира

Од 1 декември дневна евтина тарифа, но идната година и нова цена на струјата

Елизабета Филипоска

Еурокомпозит: од југословенски гигант до македонски загубар

Гордана Цветаноска

Експресниот пат Градско-Прилеп сега го гради кинеската „Синохидро“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе