8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Од полицискиот билтен: Крадец ограбил обложувалница – Се бара исчезнато лице

На 11.12.2022 во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 21.40 часот во спортска обложувалница на ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.12.2022 во ОВР Прилеп, И.К.(67) од Прилеп пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот сопруг П.К. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 11.12.2022 на крстосница од ул„Димо Наредникот“ со ул„Андон Слабејко“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.П.(33) од Прилеп затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Релативно мирна новогодишна ноќ на подрачјето на Прилеп

Елизабета Филипоска

Краделе во каменолом, уапсени двајца прилепчани

Тешка кражба во Прилеп, крадецот приведен

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе