5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(18)

Пишува: Зоран Момироски 

  • „ОГРОМЕН БРОЈ НА ГРАЃАНИ НА ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ПРИЛЕП,“ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ТОЛКУ МНОГУ ПРЕДЛОЗИ И ИДЕИ ШТО НА ЧОВЕК ДА МУ СЕ СВРТИ ВО ГЛАВАТА. БЕЗМАЛКУ ОСТАВА ВПЕЧАТОК ДЕКА ИМАЛО ТОЛКУ МНОГУ  ИНТЕРЕС ШТО ГРАЃАНИ БИ МОРАЛЕ ТРПЕЛИВО ДА НАПРАВАТ РЕД  ДО КРУЖНИОТ КАЈ ПРИЛЕПСКАТА ПОШТА. И СИТЕ ТИЕ ПРЕДЛОЗИ ГИ ОДРАЗУВАЛЕ УСПЕСИТЕ ОД ГОДИНЕШНОТО РАБОТЕЊЕ И ОЧЕКУВАЊАТА ОД ОВАА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА. ПА ЗГОРА НА ОВА, ЈОВЧЕСКИ ИСТАКНУВА ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРОЕКТИ ОД КАПИТАЛНИ РАЗМЕРИ.ТОА ЌЕ ТИ БИЛЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ, СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА, РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ОГРОМЕН БРОЈ НА УЛИЦИ, ДУРИ 50! ПОКРАЈ ВЛЕЗОВИТЕ ОД КРУШЕВО И МАКЕДОНСКИ БРОД, ЗА КОИ ВЛАДАТА ОБЕЗБЕДУВА СРЕДСТВА, ЌЕ РЕХАБИЛИТИРАЛЕ УЛИЦИ КОИ НАД 40 ГОДИНИ НЕ СЕ ЧЕПНАТИ. ГО СЛУШАМ ЧОВЕКОТ И СИ ВЕЛАМ: АМАН НЕМОЈ ДА ГИ ЧЕПКАТЕ, ОТИ ОД ЧЕПАКАЊЕ ИЛИ ПОДЧЕПНУВАЊЕ НЕМА ФАЈДЕ!!! НА КРАЈ СПОМЕНУВА И ЗА „УРЕДУВАЊЕ НА ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ ЗА ОТВОРАЊЕ БИЗНИС КЛИМИ…“ САМО НЕ КАЖУВА КАКВИ ЌЕ БИЛЕ ТИЕ  ,,ОБИЧНИ“ ИЛИ ОД НОВИВЕ ,,А“ СО ТРИ ПЛУСА ,,ИНВЕРТОР“ КЛИМИ.

 

  • ГО ГЛЕДА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ И СИ ВЕЛИ: „АМАН БОРЧЕ ДОСТА Е!“ ГЛЕДА ТОЈ, А КАКО ИСКУСЕН ПОЛИТИЧАР ЗНАЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ СО ЈОВЧЕСКИ. А ЗНАЕ  И МИЦКОСКИ СО КОИ ФАТИЛЕ РАБОТА. ПА ДАВА СООДВЕТНА ИЗЈАВА ЗА ИДЕЈАТА И ЦЕЛТА НА ОВАА АКЦИЈА. ПРИТОА НА НОВИНАРСКО ПРАШАЊЕ ПРОИЗЛЕЗЕНО ОД ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ОД ЛЕВИЦА, ВЕЛИ ДЕКА НЕ Е ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ОПШТИНСКА ОБВРЗНИЦА. НАПРОТИВ, ИДЕЈАТА Е ОДЛИЧНА. И ПРИТОА  ДОДАВА: ДОБРО Е ДА СЕ ПРИМЕНИ ГЕРМАНСКИОТ МОДЕЛ-РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОВЕРБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ. ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ИЗБРАНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Е ВООБИЧАЕНА ПРАКТИКА ВО ЗАПАДНО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ. ОВА МИ ПРОЗВУЧИ КАКО ОНАА НАРОДНАТА:,,НАГОРАМ ТИ ЌЕРКО ДОШИКАЈ СЕ СНАО!!! “ АМА СНААВА ТЕШКО РАЗБИРА КАКВА ПОРАКА И ПРАЌА СВЕКРВАТА.

 

  • И ДОДЕКА ЧЕЛНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ЈА КОРИСТАТ СЕКОЈА ПРИЛИКА КОЛКУ ТОЛКУ ДА ГО СВРТАТ ВНИМАНИЕТО И НЕКАКО ДА ЈА ВРАТАТ ДОВЕРБАТА КАЈ  ГРАЃАНИТЕ ОВИЕ ОД СДСМ УДРИЛЕ НА РЕЛАКС. ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ-ЦАКИО, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ СТАНА ТАТКО. ПА СЕГА НЕМА МНОГУ ВРЕМЕ ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ДЕТАЛНИ АНАЛИЗИ.ОСОБЕНО ЗА ТОА  ШТО ,,ТРОПА“ ЈОВЧЕСКИ И  КОЈА ПОРАКА ИНДИРЕКТНО ЈА УПАТУВА ПОТПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ. КАКО ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ И КОМЕНТИРААТ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОВ И ВО ДРЖАВАВАТА. НА ЦАКИО,ПРАТЕНИКОТ МИЛЕ ТАЛЕСКИ  И КОМПАНИЈА СЛАВАТА МУ ИМА УДРЕНО ВО ГЛАВАТА. И ВНИМАНИЕТО ИМ Е СВРТЕНО НА ЛИЧНИТЕ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ НА ПОЕДИНЦИ – КОЈ КАДЕ ЌЕ БИДЕ ВРАБОТЕН. КОЈ НА КОЕ МЕСТО ЌЕ СЕ ВДОМИ И НА КОЕ РАБОТНО МЕСТО ЌЕ СЕ ВРАБОТИ, ОДНОСНО, КОЛКУ ЌЕ  ИМ БИДЕ ПЛАТИЧКАТА, ИЛИ ПЛАТИШТЕТО. ОВА ПОСЛЕДНОВО ЗАВИСИ ОД ПАРТИСКИТЕ ЗАСЛУГИ, А НЕ ОД ТОА КОЈ КОЛКУ ЗНАЕ И Е КВАЛИФИКУВАН ДА РАБОТИ!

 

  • НАЈГОЛЕМОТО ВНИМАНИЕ ИМ Е СВРТЕНО  И ВИСТИНСКА БИТКА СЕ ВОДИ ВО БОЛНИЦАТА. КОНКУРСОТ И ТЕСТИРАЊЕТО ЗА НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА СЕ ЗАВРШЕНИ. ОСТАНАА  УШТЕ НЕКОИ ПРОЦЕДУРАЛНИ ПРАШАЊА. СИГУРНО КЕТИ СМИЛЕСКА ПРЕД СЕБЕ ГО ИМАШЕ И ПАРТИСКИОТ СПИСОК. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА НЕКАКО ПОСТАПКАТА  ПОМИНА. НО НАЈВАЖНО БЕШЕ ДЕКА Е ВРАБОТЕН САМО ТОЈ КОЈ Е ВО ТОЈ ФАМОЗЕН ПАРТИСКИ СПИСОК И АНГАЖИРАНИ ВО КОВИД ЦЕНТАРОТ. АМА ТОЈ СПИСОК  Е  НАЈРЕЛЕВАНТЕН, ДУРИ  ПОВАЖЕН И ОД СТРУЧНОТО ЗНАЕЊЕ И ПОЗНАВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ШТО ЌЕ ГО РАБОТАТ. И РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ ШТО ЌЕ ГИ  ИЗВРШУВААТ. ДРУГИТЕ ЌЕ ПОЧЕКААТ ДО ФЕВРУАРИ КОГА ЌЕ ИМАЛО НЕКОЈ ДРУГ КОНКУРС.

 

  • ТИМОТ ЕКСПЕРТИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ОД САД ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА.И ВЕДНАШ СИ ЗАМИНА.ОВИЕ НАШИВЕ КАКО ,,ПАПАГАЛИ,, ВО ЕДЕН ГЛАС.БОРБАТА ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ ЈА ПРИФАЌААТ. САМО УШТЕ  МАЛКУ ТРЕБАЛО ДА СЕ РЕОРГАНИЗИРААТ И СООДВЕТНО АНГАЖИРААТ СУДОВИТЕ И ОБВИНИТЕЛСТВОТО. ГИ СЛУШАМ И СИ ВЕЛАМ – АБЕ ОВИЕ САМИ СЕБЕ СЕ ЛАЖАТ?! СТРАТЕШКИОТ ПАРТНЕР САД  ГО ЛАЖАТ, ИЛИ НАРОДОТ ГО ЛАЖАТ??? ВО ПРИЛЕП ИМА САМО  ДВАЈЦА ОБВИНИТЕЛИ. ОД 27 СЕГА ВО СУДОТ ИМА ЧЕТВОРИЦА СУДИИ БЕЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДОТ, А ГОДИШНО ТЕЖАТ И ЧЕКААТ ЗА  ПРЕСУДИ НАД 20 ИЛЈАДИ ПРЕДМЕТИ. НО И  СО ТЕНДЕНЦИЈА ТИЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМУВААТ. НАШИ ИЗВОРИ ТВРДАТ ДЕКА ИМА ПРЕДМЕТИ КОИ СЕГА СЕ НАСОЧУВААТ ЗА СУДЕЊЕ НА КРАЈОТ ОД 2023 ГОДИНА, А НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ НА ОБУКА ОД ПРИЛЕП ИМА САМО СЕДУМ КАНДИДАТИ. СО ОВОЈ КАДАР КОЈ СЕ ОБУДУВА ДА ГО ЗАМАЈУВА НАРОДОТ ДЕКА НАШИВЕ ЌЕ ВОДЕЛЕ  ЕФИКАСНА БИТКА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА?! ,,АЛО“, ВИЕ ОД ПРИЛЕПСКИОТ СДСМ, РАЗБУДЕТЕ СЕ И СЕРИОЗНО РЕШАВАЈТЕ ГИ ПРОБЛЕМИТЕ И ИСПОЛНЕТЕ СИ ГИ ОБВРСКИТЕ ШТО ВЕЌЕ СТЕ ГИ ЗЕМАЛЕ ПРЕД НАРОДОТ!!!

 

  • „СВЕТЕНО ЛЕПЧЕ СО ДВОЛИЧНИ (ЛИЦЕМЕРИ) ВО ПОНЕДЕЛНИК НА СВ.НИКОЛА  НЕ КРШИМЕ !!! ПОДОБРО НА ОВАА ЧЕСНА ПРАСЛОВНА ГРАДСКА СЛАВА  ДА БИДЕМЕ СО ВИСТИНСКИ И ЧЕСНИ ЛУЃЕ ОТКОЛКУ СО НЕЧЕСНИ. ПОРАДИ ТОА САКАМЕ  НА ГОЛЕМИОТ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК НА ПЛОШТАДОТ ДА СЛАВИМЕ СО ОБИЧНИ  ГРАЃАНИ ОТКОЛКУ СО НЕЧЕСНИ КВАЗИ ПОЛИТИЧАРИ,“ ВЕЛАТ ДОМАЌИНИТЕ НА ГРАДСКАТА ПРОСЛАВА. ГОРДАН БОШКОСКИ ОД ,,ТЕРАКОТА“ ВЕЛИ ДЕКА НА ЗАЕДНИЧКАТА ПРОСЛАВА ЌЕ ИМА НАД 500 ЛАНЧ ПАКЕТИ ЗА ЧЕСНИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ВЕРНИЦИ И ГРАЃАНИ. ГРАВЧЕ, ЛЕБ, ПОСНИ САРМИЧКИ, РИБА И ПО ЕДНА ПИЈАЧКА. АНГАЖИРАН Е КЕТЕРИНГ КОЈ ИМА ОБВРСКА ДА ПОДГОТВИ ВКУСНИ СВЕТИНИКОЛСКИ ЛАНЧ ПАКЕТИ И ДА ГИ ПОСЛУЖИ ГОСТИТЕ. „МОЖЕБИ,ВЕЛАТ ТИЕ, ЌЕ ПЛАТИМЕ МНОГУ ПОСКАПО ОТКОЛКУ ТОА ДА СЕ ПОДГОТВУВА ТРАДИЦИОНАЛНО.“НО ВРЕМИЊАТА  И АМБИЕНТОТ КОГА СЕ ВИТКАА ПОСНИ САРМИЧКИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО ,,ПРЕРОДБА“ И „МАЈКА ТРАДИЦИЈА“, КОГА СЕ РУШЕА СВЕТСКИТЕ РЕКОРДИ СО САРМИТЕ Е ПЕРИОД КОЈ СЕГА НЕ СООДЕЈСТВУВА СО СЕГАШНИТЕ УСЛОВИ. ПОКРАЈ ПРАВОСЛАВНИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ЌЕ БИДАТ НА ЗАЕДНИЧКАТА СЛАВА СО НАС ЌЕ БИДАТ И ВИСОКИ СВЕШТЕНИЦИ ОД ГРАДОВ, ОД ЗЕМЈАВА И ОД СТРАНСТВО. И ТОА ВИСТИНСКИ ДУХОВНО ЌЕ НИ ГИ ИСПОЛНИ ДУШИТЕ“, ВЕЛАТ ОД ТЕРАКОТА.

 

  • ГРАДСКАТА КУЌА Е УКРАСЕНА  И ГО ДОБИ НОВОГОДИШНИОТ И БОЖИЌЕН ЛИК .ТОЛКУ ,,УБАВО“ НА ЧОВЕК ЗДИВОТ ОД УБАВИНА ДА МУ ЗАСТАНИ!!! ВИСТИНСКИТЕ ,,ДОМАЌИНИ “ ПРАВАТ ТАКА. ПРВО ГО УКРАСУВААТ ДОМОТ, А ПОТОА  ДВОРОТ. ТАКА И СО НАШИВЕ, ПРВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА, А ПОТОА ГРАДОТ. ЗА ПРИЛЕП ИМА ВРЕМЕ…АКО НЕ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ УКРАСЕН УТРЕ. ГРАД КАКО ГРАД, НЕМА НОЗЕ ДА ИЗБЕГА!!! ПОРАДИ ТОА, АКО НЕ СЕ СТИГНЕ СО И ТОА СКРОМНО УКРАСУВАЊЕ ОВАА НЕДЕЛА МОЖЕ И ДРУГАТА, АКО НЕ ДРУГАТА, ТОГАШ МОЖЕ И ТРЕТАТА. СО БОГ НАПРЕД  ДО 31 ДЕКЕМВРИ ИМА ВРЕМЕ. А ВИЕ КОИ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЧЕКАТЕ И ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД УКРАСУВАЊЕ И ДЕТСКИ ЗАБАВИ И ЗАДОВОЛСТВА ЕНЕ КАДЕ Е ТРИКАЛА ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА. ТАМУ- ВАМУ 600 КИЛОМЕТРИ ПАТ. НЕКОЛКУ ЧАСА ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦА И РОДИТЕЛСКИТЕ И ДЕТСКИ ПОТРЕБИ ЌЕ БИДАТ ЗАДОВОЛЕНИ. АБЕ ЛУЃЕ НАУЧЕТЕ СЕ НА РЕД. УБАВОТО, ДОМАШНОТО, ПАТРИОТСКОТО СЕ ЧЕКА И ЌЕ БИДЕ МНОГУ ПОУБАВО ОД ОНА ШТО ГО ОЧЕКУВАТЕ И ГЛЕДАТЕ ВО ТРИКАЛА! ОВА НАШЕВО ЌЕ БИДЕ ТОП. А МОЖЕБИ  И ДВА. ДОСЕГА НЕВИДЕНО  И НЕ ЗАБОРАВНО. ЕДНАШ ДА ИЗЛЕЗЕШ ДА ВИДИШ И ТОЛКУ МНОГУ ДА СЕ ВООДУШЕВИШ  ШТО ВЕРУВАМ  УШТЕ ЕДНАШ НИ РОДИТЕЛИТЕ НИ ДЕЦАТА НЕМА ДА ПОСАКААТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД КУЌИ!

 

Би можело да ве интересира

ПЕЛА СТОРИЈА : Креативни наставници – задоволни ученици во ООУ Страшо Пинџур – Мало Коњари (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Прилеп одбележа 120 години од погибијата на Гоце Делчев и 111 години од загинувањето на Пере Тошев

(ФОТО) Парковската површина на Могила облагородена со нови садници

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе