8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Утрово дојава за бомби во три прилепски училишта

По е-маил утрово три училишта во Прилеп: ООУ „Добре Јованоски“, ООУ „Блаже Конески“и ООУ „Гоце Делчев“ добиле известување дека во нивното училиште се поставени експлозивни направи. Надлежни институции веднаш биле известени и децата и наставниците биле евакуирани, соопшти портпаролот на Општина Прилеп, а во очекување на изјави од градоначалниот и директорите побаравме одговор од МВР.

Од Министерството информираат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаевите.

Петнаесет училишта во Македонија, од кои најголем број во Скопје, утринава добиле закани за поставени бомби во Скопје, Битола, Тетово, Струга и Прилеп.

Би можело да ве интересира

Филмски грабеж во бензинска станица, украдени 2 800 евра

14 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Гордана Цветаноска

Прилепчанец бегалец од затвор си пазарел во Битола

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе