„Бомба е поставена во школото. Ќе пукне многу брзо! Ќе има жртви. Не ме прашувајте ништо. Ги избришав сите докази. Ништо нема да признаам. Ова е поздрав од мене. Хо, хо“, гласи пораката која утринава пристигнала на електронските адреси на три основни училишта во Прилеп, „Блаже Конески“, „Гоце Делчев“ и „Добре Јованоски“. Пораката е потпишана од извесен Емрах Јусуфовски. Според изјавите од директорите и порптаролот на Општина Прилеп, веднаш биле преземени сите мерки за безбедно евакуирање на учениците и биле информирани сите надлежни институции.
„Штом ја видовме пораката ги известивме надлежните. Наставата денеска е прекината. Учениците од првата смена беа пуштени дома, додека пак, втора смена денеска нема. – истакна една од директорките на училиштата, каде беше потенцирано дека има поставено експлозивна направа .
Писмено се огласи и градоначалникот, Борче Јовчески. Тој во својата писмена обрајќање упати апел за смиреност и почитување на сите пропишани правила и прописи за постапување во вакви случаи.
„Безбедноста на нашите сограѓани е на прво место, остануваме во контакт и во координација со сите надлежни институции се до целосно расчистување за веродостојноста на дојавите„ напиша градоначалник на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Според соопштението на МВР, по направените проверки, утврдено е дека сите дојави се лажни под денешните заканувачки пораки за поставени експлозивни во училишта.
Во меѓувреме, денеска започна затворената седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност чија единствена точка на дневен ред се преземените мерки за справување со лажните дојави за бомби. На седницата беше присутен и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Барањето на Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата Миле Талевски денешната седница да биде затворена за јавноста беше причина членовите на ова тело од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат седницата.