14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Нова цистерна за миење на улиците доби ЈКП Комуналец Прилеп

ЈКП „Комуналец“ доби специјално комунално возило, цистерна за миење на јавно прометни површини, за полевање и доставување на вода. Возилото е набавено преку проектот „Подобрено одржување на јавно прометните површини во град Прилеп“ од Бирото за регионален развој, од  Повикот за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој.

– Со ова докажуваме дека навистина се грижиме за одржување на хигиената и функцијата на јавното претпријатие. Еден апел и до другите јавни претпријатија да аплицираат со што повеќе проекти со цел да го збогатиме возниот парк, но исто така и сите потребни средства. Набрзо се очекува да се добие и возило за заловување на кучиња со дополнителна опрема, најави градоначалникот Борче Јовчески при примопредавањето на цистерната. 

ЈКП Комуналец –Прилеп располага со постар возен парк, особено за одржување на хигиената на јавните површини, посочи директорот Абрашоски, така што возилото е од големо значење за подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните.

– Со набавката на возило за заловување на кучиња би го решиле горливиот проблем кој што е генерален проблем во Македонија. Имаме и други активности како што е поставувањето на полуподземни континиери, со што сме први во Македонија. Започнавме со централното градско подрачје и ќе се шириме кон периферијата, со цел добивање на урбан лик на градот Прилеп, посочи Рубинчо Абрашоски, директор на ЈКП Комуналец Прилеп.

ЈКП Комуналец за потребите на одржување на јавната хигиена има уште 2 цистерни, а новото возило е вредно околу 100 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Грција, ги вознемири прилепчани

Гордана Цветаноска

Повторно прекини во снабдувањето со струја на повеќе улици и села во Прилеп

Пела Редакција

И годинава 6000 денари за новороденче во Општина Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе