9.1 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Од 1,5 до 2 денари се зголемуваат цените на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на горивата се зголемува за 1,5  до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68  отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари за литар.

Па така ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), пак, 81,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 80 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,655 денари.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец превезувал огревно дрво без документација

Пела Редакција

Исплатата на мајските пензии почнува од среда 27 мај

Македонија во Прилеп ќе добие прва археометриска лабораторија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе