5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (23)

Пишува Зоран Момироски 

  • НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА МИНАТАТА ГОДИНА ПОКРАЈ ДВАНАЕСЕТТАТА ЗЕДОА  И ТРИНАЕСЕТТА ПЛАТА, А СПОРЕД ЗАКОНОТ ИМ Е ИСПЛАТЕН И К 15. НЕ Е, И НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ  ПРОБЛЕМ  ШТО ПОРАДИ НИСКИТЕ ЛИЧНИ ДОХОДИ ГУЛАБОСКИ ИМ ВЕТИЛ СО ЈАНУАРСКАТА ПЛАТА, ОКОЛУ 2 ФЕВРУАРИ ДА ИМ ДАДЕ ПОДЕДНАКВО НА СЕКОЈ ВРАБОТЕН ЗГОЛЕМУВАЊЕ ПО 2 850 ДЕНАРИ. НЕЛИ МЕЃУ ДРУГОТО ТОА Е МЕСЕЦ КОГА СИ ДАВААТ И ЗЕМААТ МАЧКИТЕ И МАЧОРИТЕ.ПРОБЛЕМОТ Е ВО ТОА ШТО САМО ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ  ГУЛАБЧЕТО ОД ВОДОВОД ГУГАШЕ, КУКАШЕ И ПЛУКАШЕ ПО ВЛАДАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТРУЈАТА. И ТОА  ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА, ОТИ БЕЗ НЕСУБВЕНЦИОНИРАНА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ЛИКВИДНОСТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЌЕ БИЛO ДОВЕДЕНА ВО ПРАШАЊЕ.

 

  • БОЛНИТЕ ОД ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА  И ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕМЕЈСТВАТА МОЛАТ ЗА ПОМОШ. АМА НАДЛЕЖНИТЕ НИТУ ГИ ПРИМАAT НИТУ ГИ СЛУШАAT, НИТУ САКААТ ДА ГИ СЛУШНАТ НИВНИТЕ БАРАЊА И ПРОБЛЕМИ. А ТИЕ  СЕ ЕДНОСТАВНИ, СКРОМНИ  ЧОВЕЧКИ И ЦИВИЛИЗАЦИСКИ. НАМЕСТО ПОСТОЈАНО ДА БИДАТ ТРЕТИРАНИ  СО АЛТЕРНАТИВНА И НЕСООДВЕТНА ТЕРАПИЈА ДА ГО ДОБИВААТ ЕДИНСТВЕНИОТ И СКАП ЛЕК ЗА ОВАА БОЛЕСТ ПРЕКУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВО СЕКОЈА НОРМАЛНА ДРЖАВА ТРЕТМАНОТ НА БОЛНИТЕ СО ОВАА РЕТКА БОЛЕСТ Е АДЕКВАТЕН И НОРМАЛЕН. КАЈ НАС ПАК, ПО ОВА ПРАШАЊЕ НИТУ ДРЖАВАТА,  НИТУ НИВНИОТ ТРЕТМАН Е НОРМАЛЕН. ОВИЕ БОРЦИ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА СЕ ДИСКРЕДИТИРАНИ И ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ОСНОВНАТА ЕГЗИСТЕНЦИЈА, ЗАШТО РЕТКО ИЛИ ВООПШТО, НЕ МОЖАТ ДА СЕ ВРАБОТАТ. ИМЕНО, ПОРАДИ ДОЛГИТЕ НЕСООДВЕТНИ ТРЕТИРАЊА СО НЕАДЕКВАТНА ТЕРПИЈА ТИЕ МОРА ДА БИДАТ СО ДЕНОВИ  ХОСПИТАЛИЗИРАНИ, ОСОБЕНО КОГА  НАПАДИТЕ ИМ ГО  ОТЕЖНУВААТ  ДИШЕЊЕТО, ТОГАШ КОГА ВОДАТ ВИСТИНСКА БИТКА ЗА ВОЗДУХ, ЗА КИСЛОРОД, КОЈ ИМ Е НЕОПХОДЕН – НЕКОГАШ СЕКУНДАТА, А НЕКОГАШ И МИНУТАТА ЗА ДА МОЖАТ ЈА ПРЕЖИВЕАТ КРИЗАТА, А СО ТОА ДА ГО ПРОДОЛЖАТ ЖИВОТОТ. ОВАА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА  ЗА НАШИТЕ ГАЗДИ Е НЕПРИФАТЛИВА, ЗАТОА ЗА НИВ РАБОТА НЕМА  БЕЗ РАЗЛИКА НА НИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОСОБНОСТ. МЕЃУ БОРЦИТЕ СО ОВАА БОЛЕСТ Е И ПРИЛЕПЧАНКАТА ИВАНА АТАНАСОСКА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЗАБОЛЕНИ ОД ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА. ТАА ВЕЛИ ДЕКА СЕКОЈА  СЕКОЈА ПОДДРШКА ЗА НИВ Е ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ  И ВЕРУВА ДЕКА СО ПОМОШ НА СИТЕ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ И ЈА ПОДДРЖУВААТ НИВНАТА БИТКА ЌЕ ГО ОСТВАРАТ ПРАВОТО КОЕ ИМ СЛЕДУВА И ГО ЗАСЛУЖУВААТ.

 

  • ПОД НАСЛОВ ,,ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВИСОКИ СМЕТКИ“ ЕДЕН ОД НАШИТЕ ПРИЛЕПСКИ ПОРТАЛИ СЕ ПОВИКА НА ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА. ПРИТОА ПОВИКУВАЈЌИ СЕ НА ИЗЈАВА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ НАЈАВИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СМЕТКИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ЗА СТРУЈА ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОМУНАЛНАТА ТАКСА ЗА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ. ОВАА ИЗЈАВА ЈА КОМЕНТИРАВМЕ И ВО ЕДНА ОД МИНАТИТЕ КОЛУМНИ СО УБЕДУВАЊЕ ДЕКА НАЈВЕРОЈАТНО ДЕКИО НАПРАВИЛ ПРЕВИД ИЛИ ГРЕШКА. НО, ОЧИГЛЕДНО ДЕКА НЕШТО СЕ ,,ГОТВИ“ АМА НЕ МОЖЕ ДО КРАЈ КАШАТА ДА БИДЕ ЗГОТВЕНА. ИМЕНО ЗА ВАКВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НЕ РЕШАВА НИТУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ, НИТУ КАКО ШТО ВЕЛИ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ, НИТУ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ.ТУКУ ЕДИНСТВЕН НАДЛЕЖЕН ЗА ВАКВА ОДЛУКА Е СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА, А СОВЕТОТ ТАКВА ОДЛУКА НЕМА! БЕЗ НЕА ВАКВОТО ТВРДЕЊЕ НЕМА ПРАВНА ВАЖНОСТ – ВЕЛАТ ДОБРО УПАТЕНИ ПРАВНИЦИ ВО ОВАА ОБЛАСТ. АКО СЕ ПОГЛЕДНАТ ПОРАКИТЕ И ОСТРИТЕ  РЕАКЦИИ НА ПРИЛЕПЧАНИ ИЗРАЗЕНИ ПРЕКУ КОМЕНТАРИ ЗА НАЈАВЕНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СМЕТКИТЕ ЗА КОМУНАЛНО ОСВЕТЛУВАЊЕ, ТОГАШ ДЛАБОКО СУМ УБЕДЕН ДЕКА ОВИЕ ОД ЛОКАЛНАВА ВЛАСТ УШТЕ ЕДНАШ НЕМА НИТУ ДА СПОМНАТ ЗА ВАКВА РАБОТА. А УШТЕ ПОМАЛКУ, ДА СИ ПРАВАТ ЕКСКУРЗИЈА СО МОЗОКОТ И ДА  ПУШТААТ ПРОБНИ БАЛОНИ ЗА ДА ГО ИСПИТААТ ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА. УБЕДЕН СУМ ДЕКА ВО ИЗБОРНА ИЛИ ПРЕДИЗБОРНА ГОДИНА ,,САМОБЕНДИСАНИВЕ“ НЕМА САМИ ДА СИ ПУКААТ ВО ГЛАВА. ПОД ИСТА МОТИВАЦИЈА ЕДНАШ ТОА ГО НАПРАВИЈА СО СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА, ПА ЦЕНАТА ЈА ВРАТИЈА. ОПНАА, СО КАКО ШТО МУ Е МНОГУ МИЛО ДА КАЖАТ,,НЕ МНОГУ ПОПУЛАРНА МЕРКА“, ПА ЗА БЛИЗУ 70 OTСТО ГИ ЗГОЛЕМИЈА СМЕТКИТЕ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ. Е СЕГА ФАЛИ УШТЕ ОВОЈ,,ЛУКСУЗ“ ДА МУ ГО НАПРАВИТЕ НА СВОИТЕ СОГРАЃАНИ – НА ОНИЕ  КОИ ВИ ДАДОА ВЕРБА И ЛОКАЛНА ВЛАСТ !!!!

 

  • А ЕДЕН ДРУГ ПРИЛЕПСКИ ПОРТАЛ СО СЛИКА ,, БЕЛИОТ ПРИЛЕПСКИ ГУЛАБ“ ПРЕВЗЕМЕНА ОД ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЈА ПРОГЛАСУВА ЗА ,,НАЈ ФОТКА ЗА 2022 ГОДИНА“. УБАВ НАСЛОВ, УШТЕ ПОУБАВА И ПОВПЕЧАТЛИВА ФОТОГРАФИЈА. НА НЕА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ОНАКА ПОДНАСМЕН СО БЕЛА КОСА ДРЖИ БЕЛ ГУЛАБ ВО РАЦЕТЕ. СЛИКАТА Е ОД  МИНАТАТА ГОДИНА ВО ДВОРОТ НА ЦРКВАТА СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ. БЕЗ РАЗЛИКА НА КОМЕНТАРИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ, КОИ ПОДОЦНА ПОРАДИ НЕПРИЈАТНИТЕ ЗАБЕШКИ, НАЈВЕРОЈАТНО АДМИНИСТРАТОРОТ ГИ ИЗБРИШАЛ, ОСТАНУВА ДИЛЕМАТА КОЈ Е БЕЛИОТ ГУЛАБ?! БОРЧЕ ИЛИ ГУЛАБОТ? ИЛИ ГУЛАПЧЕТО БОРЧЕ СО БЕЛА КОСА СЕ РАЗБИРА И Е НОРМАЛНО ПОРАДИ ВОЗРАСТА СИ ГО ДРЖИ ВО РАКА БЕЛОТО ГУЛАПЧЕ.

 

  • ПОВЕЌЕ ОД МАЈТАП И ЉУБОПИТНОСТ, А ПОМАЛКУ ОД СЕРИОЗЕН ИНТЕРЕС МНОГУМИНА ГО ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊЕТО – КОИ ЛУЃЕ  ВО ОПШТИНАТА РАБОТАТ КАКО КОМУНАЛНИ ИНСПЕКТОРИ?! ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, СЛУЖБАТА ТРЕБА ДА ИМА ЧЕТВОРИЦА ИНСПЕКТОРИ, НО РАБОТАТ ТРОЈЦА. ЗНАЧИ ФАЛИ УШТЕ ЕДЕН. ОД ТРОЈЦАТА, ПАК ДВАЈЦА СЕ ЕПТЕН ПОЗНАТИ, ОТИ СЕ ЕКС ФУНКЦИОНЕРИ – МАРЈАН РИСТЕСКИ-МАЦИОТ И ГОРАН СУГАРЕСКИ – СУГАРЕ. БЕЗ РАЗЛИКА НА НИВНАТА РАЗЛИЧНА ПАРТИСКА ПРИПАДНОСТ, РАБОТАТА И БЛИСКОСТА НИКОГАШ НЕ ГИ РАЗДЕЛИЛА, НЕ СОЗДАЛА АТМОСФЕРА НА НЕТРПЕЛИВОСТ ИЛИ КАКО НАРОДОТ ШТО ВЕЛИ ,,КОНТРАЊЕ“. ТИЕ И СЕГА КАКО ТИМ ТИ РАБОТЕЛЕ БЕСПРЕКОРНО. ЛАНИ ДВАЈЦАТА ВО 52 РАБОТНИ НЕДЕЛИ ВО ГОДИНАТА, БЕЗ ПРАЗНИЦИ, ТИ ИМАЛЕ ИЗВРШЕНО ПО ОКОЛУ 40 НАДЗОРИ И ИМАЛЕ НАПИШАНО ТОЛКУ ЗАПИСНИЦИ. ЗА НИВ ОТСЕКОГАШ ВАЖЕЛА ПОГОВОРКАТА ,,БРАТ БРАТА НЕ РАНИ, АМА ТЕШКО КОЈ ГО НЕМА! “.

 

  • БИ ВОЈОРДАНЕ И ПОМИНА. ПОПОВИТЕ ГО ПОЛОЖИЈА, А ВЕРНИЦИТЕ ГО ИЗВАДОА КРСТОТ ОД СВЕТЕНАТА ВОДА. ОСТАНАА НЕГОДУВАЊАТА ВО ПРИЛЕП КАДЕ БЕШЕ ПОЛОЖЕН  КРСТОТ И КАДЕ ВЕРНИЦИТЕ ЈА ОСТВАРИЈА ТРАДИЦИЈАТА?! ВО БАЗЕНОТ ОД ЦРКВАТА СВ. БЛАГОВЕШТЕНИЕ?! КОЛКУ ШТО ЗНАМ ТАКОВ БАЗЕН СО НЕОПХОДЕН КАПАЦИТЕТ ЗА ОВАА НАМЕНА НЕМА!!! ВО БАЗЕНОТ ОД СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈА?! ПА И ВО ОВОЈ ЦРКОВЕН ХРАМ НЕМА БАЗЕН СО ТАКОВ КАПАЦИТЕТ!!! СОСЕМА ЛЕГИТИМНО ГО ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊЕТО ЗОШТО, КАКО ВО МИНАТИТЕ ГОДИНИ, ТОА НЕ СЕ НАПРАВИ НА МЕСТА СООДВЕТНИ НА ПРИЛЕП – ГРАД КОЈ РАСПОЛАГА СО ПОВЕЌЕ ГОЛЕМИ БАЗЕНИ,ИЛИ НА ПРИЛЕПСКОТО ВЕШТАЧКО ЕЗЕРО СО ОРГАНИЗИРАН И ПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ВЕРНИЦИТЕ И ГРАЃАНИТЕ?!?

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (56)

Пела Редакција

Апокалиптична приказна за ангелите и џелатите

Пела Редакција

Тутунарите (земјоделците) молчат гласно!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе