29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Водици 2023 Осветување на водите на Плетварско езеро

По трет пат годинава во организација на група ентузијасти чинот на положување на светиот крст се одржа на пладне и на езерцето кај селото Плетвар. Традицијата е нова, а и начинот на положувањето на крстот е единствен. Имено, сите пријавени за учество на овој настан чекореа со осветениот крст во водите на одредено место обележано во форма на крст, и при излегувањето го принесуваа, го предаваа крстот на следниот пријавен. Учествуваа десетина момчиња и 4 девојки, а домаќин, кум оваа година беше Роберт Митрески Селото. Манифестацијата во чест на Богојавление предизвика голем интерес кај прилепчани.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Најдобра маска на прилепскиот карневал е групната маска „Флинстонови „

Прилеп потрошил над 9 илјади евра за новогодишното украсување на градот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе