Дека нашата музичка легенда Тоше Проески никогаш нема да биде заборавен и дека неговата музика нема граници и дека секогаш ќе ги исполнува срцата на публиката која бескрајно милува да ги слуша и пее неговите композиции покажува и овој прекрасен ковер во негова чест.Ние имаме можност да ви го претставиме тоа на нашиот портал , “Твојте Бакнежи на мојте бели кошули ” во изведба на Стефан Спироски од Струга.
Стефан за Радио Пела вели : Тоше Проески е човекот кој од мали нозе ми беше идол , човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжетелна особина .Со твоите дела ја заслужи ѕвездата која секогаш ќе го носи твоето име. Засекогаш ќе светиш над нас и ќе не гледаш од горе. Направи премногу за својот краток живот и ти си една од ретките работи што прават да се чуствувам горду што сум македонец. Македонската музика изгуби премногу , изгуби пред се човек со големо срце и вокал кој никогаш нема да го имаме ние, ниту пак балканот. Ете затоа легендите имаат само еден датум на раѓање и живеат вечно! Среќен роденден ангелу!
Ова е уште енда преработка на Стефан пред промоцијата на неговата нова песна за која текстот и музиката ги напиша сам а наскоро и ќе имаме можност да ја чуеме таа негова композиција.