Во детските градинки „Наша иднина„- Прилеп компанијата „Гентерм„ која се почесто се приклучива кон опшествено одговорните компании во Прилеп, препознавајќи ја важноста на семејството и потребата од квалитетно згрижување на децата во градинките, донира потребен инвентар за најмладите во јавните детски градинки “Наша иднина„-Прилеп .
Донацијата се соости од 110 столчиња, 30 масички и 50 креветчиња кои се мобилни , безбедни, лесно преносливи и можат лесно да се складираат за да се создаде простор во дневниот престој (занималните) за подобра игра и забава за децата кои прстојуваат во градинките. „Донацијата ни е добредојдена и значително корисна. Стариот инвентар во занималните се замени , ево, со нов, современ и поатрактивен за децата. Вака престојот на децата ќе биде подобрен и поквалитетен. На донацијата, децата и тоа како се израдуваа.„ велат од градинката „Наша иднина„ кои секогаш се обидувата да ги подобрат условите за прстој и згрижување на деца во раниот детски развој.
Директорката на детските градинките ЈОУДГ „Наша иднина“, Хрстина Трпческа изрази благодарност до компанијата „Гентерм„ за искажаната грижа, посветност и помош во уредување на нивните простории со нови елементи и посочи дека ова може да послужи како добар пример и за останатите опшествено одговорни компании во градот, „бидјеќе во нашите детски градинки,, каде околу 8 часа престојуваат децата од предшколска возраст, секогаш има простор за подобрување на условите за работа и едукација на најмалите.„ – рече таа.