11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ- Петар Кузманоски – Таста

ИН МЕМОРИАМ

На 66 годишна возраст синоќа, почина, ракометната прилепска легенда, Петар Кузманоски – Таста, кој важеше за најдобар прилепски ракметар на сите времиња, идол на многу ракометни спортисти и успешен обучувач , ракометен тренер  на плеада ракометари  и ракометарки,  во рамки на некогашниот клуб „ТУТ-КОМ“. Кузманоски  имаше големи заслуги за силниот подем на клупскиот и македонскиот ракомет, воопшто. Беше член на Управниот одбор на  РК Тут- Ком и претседател на клубот. Тој беше координатор и директор на  младинската репрезентација на Македонија, која го постигна најголемиот успех, односно станаа прваци на Балканот и четврти во Европа.

Инаку,по завршувањето на активната децениската ракометна кариера, во сезоната 1981/82 во дресот на својот матичен клуб РК „Тутунски комбинат“, Таста ја презеде улогата на тренер на младинската школа,а потоа стана тренер на машката сениорска екипа.

Но, најголмиот успех во тренерската кариера го постигна, со најквалитетниот женски ракометен колектив на РК „Тутунски Комбинат“, кои во сезона  1987/88 стануваа второлигаши во некогашната YU  женска ракометна лига и тоа беше прв пат РК „Тутунски Комбинат“ да има женска второлигашка екипа, која предводена од Таста редеше успеси. Таста остана активен во ракометот во Прилеп и по распадот на РК Тут –Ком. Формира  школа „РК Таста 107“ за млади ракометарки кои се натпреваруваа во Првата женска ракометна лига. Беше организатор на спектакуларниот ракометен настан, кога играа ветераните на Македонската репрезентација со ветерани „Тут-Ком“, одржан 2012 год. за собирање средства за изградба на црквата „Св.Петка“-Точила. Активно работеше до крајот -за развој на ракометот, давајќи низа стручни совети.

Петар Кузамноски – Таста ќе остане и ќе се памети вечно, како легенда на прилепскиот и македонскиот  ракомет, како човек кој беше одличен ракометар, уште поголем ракометен стручњак, кој дал голем придонес во развојот на ракометниот спорт, пример како да се биде голем пријател, голем спортист, достоен и почитуван спортски работник, но и пример за човек со големо срце!

Почивај во мир!

Би можело да ве интересира

ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „СВ.НИКОЛА 2017„ ВО ПРИЛЕП

Елизабета Филипоска

Без струја неколку улици во Прилеп

Пела Редакција

Со срце за РК Прилеп, за опстанок во македонската елита

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе