11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (26)

Пишува Зоран Момироски

  • ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ПРИДРУЖУВАН ОД НЕГОВИОТ ДРУГАР ИГОР ГУЛАБОСКИ, ДИРЕКТОР НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, ЗАЕДНО СО ВЕРНАТА ДРУЖИНА ТИ ЗАМИНАЛЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ИСТАНБУЛСКАТА ОПШТИНА БАЈРАМ ПАША ВО ТУРЦИЈА.  ПОСЕТАТА Е НАПРАВЕНА БЕЗ НАЈАВА, АМА СО МОЖНОСТ ДА ГИ ИНФОРМИРААТ ПРИЛЕПЧАНИ ОТКАКО ЌЕ СЕ ВРАТАТ. НАЈВЕРОЈАТНО ПОРАДИ „ВНИМАТЕЛНОСТ“ ДА НЕ БИДЕ УТНАТА ПОСЕТАТА И АГЕНДАТА. ЗА НАША СРЕЌА ИЛИ НЕСРЕЌА, КАКО ШТО ВЕЛАТ „ЗЛОНАМЕРНИЦИТЕ“ ДРУГАРЧИЊАВА ДОДЕКА БИЛЕ ТАМУ ЧУЛЕ ДЕКА ВО ТУРЦИЈА ИМАЛО ЗЕМЈОТРЕС, АМА НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА ОВАА ПРИРОДНА КАТАСТРОФА ТИ БИЛА СО НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ. ВО ВТОРНИКОТ КОГА ПРИСТИГНАЛЕ ВО ПРИЛЕП, НЕ САМО ШТО РАЗБРАЛЕ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ГАЗИАНТЕП, ТУКУ ДОПОЛНИТЕЛНО БИЛЕ ИНФОРМИРАНИ ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ „НА НОЗЕ“ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ. ВО ОВОЈ СИСТЕМ БИЛ ВКЛУЧЕН И ЗЕЛС. ПА ЗАТОА, НАМЕСТО МЕЃУ ПРВИТЕ, ПРИЛЕП ЌЕ БИДЕ МЕЃУ ПОСЛЕДНИТЕ КОИ СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО АКЦИЈАТА. ШТО БИ РЕКОЛ НАРОДОТ „АКО Е ЗАБАВЕНО – ВАЖНО ДА НЕ Е ЗАБОРАВЕНО“. ПА ТАКА, НАМЕСТО ВО СРЕДАТА КАКО ШТО БАРАШЕ СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ, ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ РЕШИЈА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ДА СЕ ОДРЖИ В ПОНЕДЕЛНИК НА 13 ТИ ФЕВРУАРИ. СПОРЕД НАЈАВИТЕ, ЌЕ БИДАТ ОРГАНИЗИРАНИ РАЗНИ ФОРМИ НА ПОМОШ, АМА НИКОЈ НЕМА СТИСКАЕЦ ДА КАЖЕ ДАЛИ ЌЕ БИДЕ ИСПРАТЕНА ЕКИПА ЗА СПАСУВАЊЕ. НЕМА, И НЕМА ДА ИМА, БИДЕЈЌИ ОД ДЛАБОКИ ПАРТИСКИ И МАЛОГРАЃАНСКИ ПОБУДИ БЕЗ ГРАМ МОЗОК НЕКОЈ ОД СЕГАШНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ РЕШИ ДА НЕ МУ ГО ПРОДОЛЖУВА  ДОГОВОРОТ ЗА РАБОТА ВО ТППЕ ПРИЛЕП НА ДАРКО НЕДАНОСКИ, ОСНИВАЧОТ НА РЕГИОНАЛНАТА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА „ЗЛАТОВРВ ПРИЛЕП“ И НОСИТЕЛ НА ПРОЕКТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕБНА СПАСИТЕЛНА ЕДИНИЦА ВО ПРОФЕСИОНАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА ВО ПРИЛЕП. НЕДАНОСКИ ВО МАНДАТОТ НА ПРЕТХОДНИКОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ –МУЦЕТО СО КРАЈНИ СИЛИ И ИНСИСТИРАЊА ЕДВАЈ ДОЈДЕ ДО НЕКАКВО РАЗБИРАЊЕ И МИНИМАЛНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА СПАСИТЕЛНАТА СЛУЖБА. СО ДОГОВОР НА ДЕЛО ОВОЈ ВРВНО ОСПОСОБЕН И ДОКАЖАН СПАСИТЕЛ И СПЕЛЕОЛОГ БЕШЕ ЗГРИЖЕН ВО ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА. ВЕДНАШ ПО ИДЕЊЕТО НА СЕГАШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ДА МУ ГО ПРЕКИНАТ ДОГОВОРОТ  И ЧОВЕКОТ ДА ГО ОСТАВАТ НА УЛИЦА. ТОЈ СЕГА, СВОЈАТА ЕГЗИСТЕНЦИЈА  И СПАСИТЕЛНО – ХУМАНИТАРНА АКТИВНОСТ ЈА ОБЕЗБЕДИ И ЈА ПРОДОЛЖИ  ВО ГЕРМАНИЈА. ЕКСПЕРТИ ВО СПАСУВАЊЕ КАКО НЕДАНОСКИ И МНОГУ ДРУГИ ЗА ГЕРМАНИЈА ВРЕДАТ И ИМ ТРЕБААТ. ЗА ПРИЛЕП НИТУ ВРЕДАТ НИТУ МУ ТРЕБААТ.

 

  • И ОВАА ГОДИНА ГРАЃАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ,,НЕ’ – ИМА“ ПО ПОВОД 151 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ВЕЛИКАН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ПРИЛЕП ГО ОДРЖАА СЕМАКЕДОНСКИОТ СОБИР. ТРИ ДЕЦЕНИИ МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ОД БУГАРИЈА И ГРЦИЈА, А СО МАЛИ ИСКЛУЧОЦИ  И НАШИТЕ ВО АЛБАНИЈА КОНСТАТИРААТ ДЕКА НЕМААТ СВОИ ПРАВА ВО МАТИЧНИТЕ ДРЖАВИ. СЕ УСВОЈУВААТ  ДЕКЛАРАЦИИ И  СЕ БАРА ПОДРШКА ОД ЕУ И НАДЛЕЖНИ МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ. СКОРО ТРИЕСЕТ ГОДИНИ СЕ БАРААТ, АМА НИКАКО ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ОСНОВНИ УСЛОВИ ЗА  ДА СЕ ОСТВАРИ ЧОВЕКОВОТО ПРАВО НА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ И ИЗРАЗУВАЊЕ. ПО ТОЛКУ ЗАЛОЖБИ И ДЕКЛАРАЦИИ СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО ДАЛИ СЕ ПОТРЕБНИ САМО ДЕКЛАРАЦИИ?! ОЧИГЛЕДНО, НАМЕСТО НА ПОДОБРО, РАБОТИТЕ ОДАТ НА ПОЛОШО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ЗА НИВНИТЕ ПОКОЛЕНИЈА КОИ ЖИВЕАТ ВО СОСЕДНИТЕ ДРЖАВИ. А ДА БИДЕМЕ ДО КРАЈ ЧЕСНИ И ЗА МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЖИВЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА, ОСОБЕНО ПО ИНВАЗИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ НА   БУГАРСКИ КУЛТУРНИ КЛУБОВИ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ВО ЗЕМЈАВА. ОТКАКО ЗАЧЕСТИЈА  ГЛАСИНИТЕ ДЕКА СЕ ЗАГОВАРА ОТВОРАЊЕ НА ВАКОВ БУГАРСКИ КУЛТУРЕН КЛУБ И ВО ПРИЛЕП, И НА ДРУГИ МЕСТА, СЕГА СОСЕМА Е ЛЕГИТИМНО ПРАВОТО ДА СЕ ПОСТАВИ ПРАШАЊЕТО: ДАЛИ НА ОВИЕ СЕМАКЕДОНСКИ СОБИРИ И НАТАМУ ЌЕ СЕ УСВОЈУВААТ ДЕКЛАРАЦИИ, СО КОИ, ВЕРУВАМ ДЕКА НЕКОЈ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПОРАДИ КВАЛИТЕТОТ НА ХАРТИЈАТА САМО СИ ГО БРИШЕ ЗАДНИКОТ. И КАКО ШТО ТРГНАЛА РАБОТАТА ДАЛИ НЕ Е ДОЈДЕНО ВРЕМЕ  СО  ДЕКЛАРАЦИИ ДА СЕ БАРА ПРАВО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА ?!

 

  • БЛАГОДАРЕНИЕ НА  ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 151 ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ КОНЕЧНО ВО ЈАВНОСТ СЕ ПОЈАВИЈА И ЧЕЛНИЦИТЕ НА ПРИЛЕПСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ.ОТКАКО ПОМИНАА  ДВА МЕСЕЦИ ВО ,,ИЛЕГАЛА,,ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ,ПРАТЕНИКОТ МИЛЕ ТАЛЕСКИ И ДРУЖИНАТА ИЗЛЕГОА НА ОВА СТУДЕНО ВРЕМЕ И ПОЛОЖИЈА ВЕНЕЦ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ДЕЛЧЕВ ПРЕД ИСТОИМЕНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ.НАЈВЕРОЈАТНО СЛЕДНОТО НИВНО ПОЈАВУВАЊЕ ЌЕ ВИДЕ НА 8 МАРТ-МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА.ДОТОГАШ СЛОБОДНО МОЖАТ ДА СИ СЕДАТ ВО ДОМАШЕН И РАБОТЕН  ТОПОЛ АМБИЕНТ.ДА НЕ ДРУЖАТ МНОГУ МНОГУ  МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И ДА НЕ БАРААТ ПРОПУСТИ ВО РАБОТАТА НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ.БИДЕЈЌИ СПОРЕД НИВНИОТ ТЕРК ВО ПРИЛЕП СЕ СИ Е КАКО ШТО ТРЕБА.И ВТОРО САКАЛЕ ТИЕ  ПРИЗНАЕЛЕ ИЛИ НЕ ОВА Е ВРЕМЕ НА НАСТИНКИ И НА ВИРУСИ.ЗАТОА НАЈДОБОР Е ДА  СЕ ЧУВААТ ОТИ НЕДАЈ БОЖЕ МОЖЕ БЕЗ ПОТРЕБА  ДА БИДАТ ЗАРАЗЕНИ И БОЛНИ.

 

  • АНОНИМКА ЗА ФИНАНСИСКИ И ОРГАНИЗАЦИОНИ ПРАШАЊА ПРОПУСТИ И НЕДОСЛЕДНОСТИ ВО ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ ДЕНОВИВЕ „ВРТИ“ ВО РАЗЛИЧНИ КРУГОВИ ВО ПРИЛЕП. НЕОФИЦИЈАЛНО, ТАА Е ИСПРАТЕНА И ДО ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА. ВО АНОНИМКАТА СЕ НАБЕЛЕЖАНИ И ОДГОВОРНИ ЛИЦА НА СЕКТОРИ И ОДДЕЛЕНИЈА ОД БОЛНИЦАТА КОИ СПОРЕД АВТОРИТЕ РАБОТАТ СПРОТИВНО НА ЗАКОНИТЕ И НА ПРАВИЛНИЦИТЕ И ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ СВОИТЕ ОВЛАСТУВАЊА И ПОЗИЦИИ. ВКЛУЧУВАЈЌИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИСПЛАТИ НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА КАКО НАГРАДА НА „ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИ“. АКО СЕ АНАЛИЗИРА ОВАА АНОНИМКА ТОГАШ СОСЕМА СЕ ОПРАВДАНИ СОМНЕВАЊАТА ЗА НАВЕДЕНИ ЗЛУПОТРЕБИ ОД ПОЕДИНЦИ. ПОРАДИ ТОА И ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ТРЕБА ДА ГИ РАСЧИСТИ  СОМНЕВАЊАТА, НО И СИТЕ ОСТАНАТИ ИНСИНУАЦИИ. СПОРЕД МЕНЕ, ЗАЧУДУВААТ ДВА МНОГУ ЗНАЧАЈНИ ФАКТИ: ПРВИОТ – ЗОШТО ЗА ВАКВИ „СКАНДАЛОЗНИ“ СОМНЕВАЊА СЕ ПИШУВААТ АНОНИМКИ БЕЗ ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА АВТОРИТЕ; И ВТОРО – ЗОШТО СЕ ПИШУВААТ СО ПОЛИТИЧКИ СТИЛ И ПРИСТАП ЗА ДА СЕ ДОБИЕ ВПЕЧАТОК ДЕКА АНОНИМКАТА Е ПИШУВАНА ОД ЧЛЕНОВИ И ПРИВРЗАНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ КОГА МОЖЕ ДА СЕ НАСЕТИ ДЕКА АВТОРИТЕ НАЈВЕРОЈАТНО СЕ НЕЗАДОВОЛНИ ЧЛЕНОВИ ИЛИ ПРИВРЗАНИЦИ НА СДСМ,КОИ ОД ЕДНА СТРАНА „ГЛУМАТ“ УПАТЕНОСТ И ПРИВРЗАНОСТ КОН РАКОВОДСТВОТО, А ОД ДРУГА СТРАНА ПИШУВААТ АНОНИМКИ ПРОТИВ ДЕЛ ОД ТИЕ КОИ ГИ УЖИВААТ НЕКОИ ОД НАВЕДЕНИТЕ ПРИВИЛЕГИИ?!

 

  • НА 50 ГОДИШНИНАТА ОД ИЗГРАДБАТА НА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ОД ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ, ПРИЛЕПСКИТЕ СПОРТИСТИ СЕ СОБРАА ВО ОПШТИНСКАТА САЛА ЗА ДА ПОБАРААТ ПОВТОРНО ДА БИДАТ ОТВОРЕНИ ВРАТИТЕ НА ОВОЈ ПОСЕБЕН И СОВРЕМЕН СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ОБЈЕКТ. ТИЕ БАРААТ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ОВАА АКЦИЈА И СО ПОМОШ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ СЕГАШНИОТ СОПСТВЕНИК ЈП ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ДА ЈА ПРЕОТСТАПИ САЛАТА НА ОПШТИНАТА И ИСТАТА, ПО НАД 10 ГОДИНИ ДА СЕ СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА НА ПОТРЕБИТЕ НА СПОРТСКИТЕ ЕКИПИ ОД ПРИЛЕП. КОЛКУ ВО ОВА АКЦИЈА ГРАДОТ ЌЕ СЕ УСПЕЕ МНОГУ ТЕШКО КОЈ МОЖЕ ДА КАЖЕ, БИДЕЈЌИ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ОСВЕН ДЕКЛАРАТИВНА ПОДДРШКА НЕМААТ НИТУ ПРОЕКТ, НИТУ КОНЦЕПТ, НИТУ ПАРИ. НО КАКО И ДА Е, СОСЕМА Е ДОВОЛНО ШТО СПОРТИСТИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ И ИНИЦИЈАТИВАТА ПОЛЕКА НО СИГУРНО БИ ДОБИЛА НА ОПРЕДЕЛЕНА ДИНАМИКА. УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА КАКО ОБЈЕКТ Е ИЗГРАДЕНА СО ПАРИ ОД ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И НА КОМБИНАТОТ ОД ПРИЛЕП ВО 1973 ГОДИНА. И ТОА, СО ПОВОД – 100 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА КОМБИНАТОТ СТРОГО НАМЕНСКИ ЗА СПОРТ, ЗА СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ И ЗА ДРУГИ КУЛТУРНО – ЗАБАВНИ НАСТАНИ. ОВОЈ КОНЦЕПТ Е НА ТОГАШНИОТ ДИРЕКТОР НА КОМБИНАТОТ Д-Р ДУШКО БОЦЕСКИ, ЧОВЕК СО ПОСЕБНИ ВИЗИОНЕРСКИ СПОСОБНОСТИ ЗА РАЗВОЈ И НА КОМБИНАТОТ И НА ГРАДОТ. ТОА БЕШЕ ВРЕМЕ КОГА СЕ ГРАДЕШЕ И СОЗДАВАШЕ. ВРЕМЕ КОГА ПРИЛЕП ДОБИ ЕДЕН ОД НАЈСОВРЕМЕНИТЕ И НАЈОПРЕМЕНИ СПОРТСКО РЕКРЕАТИВНИ ОБЈЕКТИ ВО ЕКС ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСТОРИ. ДОЛГО ВРЕМЕ УНИВЕРЗАЛНАТА БЕШЕ СОБИРАЛИШТЕ НА НАЈЕЛИТНИТЕ РАКОМЕТНИ ЕКИПИ И РЕПРЕЗЕНТАЦИИ НА ОДБОЈКАРСКИ,КОШАРКАРСКИ,НА ПИНГ ПОНГАРСКИ, НО И НА  ЏУДО И КАРАТЕ И ГИМНАСТИЧАРСКИ ЕКИПИ, А СЕ ОДРЖУВАА И ЗАБАВНО МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛИ. НАСТАНИ, КОИ НА ЕДНО МЕСТО СОБИРАА И ДО ТРИ ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ. УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА СТАНА ДЕЛ ОД ДУШАТА И ЖИВОТОТ НА ПРИЛЕП. И СЕ ДОДЕКА НЕ ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ГРАДЕЊЕ, И ЗАПОЧНА ВРЕМЕТО НА КРАДЕЊЕ, НА ПУСТОШЕЊЕ НА СЕ’ ШТО Е ИЗГРАДЕНО И ПРЕСТАВУВА БОГАТСТВО НА ЕДНО ОПШТЕСТВО, НА ЕДЕН ГРАД, НА ЕДНА УРБАНА ЗАЕДНИЦА. КОНЕЧНО, АКО СЕ УСПЕЕ ВО СЕГАШНАТА ИНИЦИЈАТИВА, АКО СЕ НАДМИНАТ ТЕСНО ПАРТИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ И СЕ УСПЕЕ ГРАДОТ ДА СИ ГО ЗЕМЕ ОВОЈ ОБЈЕКТ, ПРИТОА И АКО СЕ СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА НА НАМЕНАТА – ТОГАШ УСПЕХОТ ЌЕ БИДЕ ЕДНАКОВ НА ОНОЈ КОГА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ОВАА УНИВЕРЗАЛНА САЛА.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(22)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (68)

Пела Редакција

Апокалиптична приказна за ангелите и џелатите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе