16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Исплатени субвенциите за предаден тутун

На сметките на 14 502 тутунопроизводители денеска легнаа субвенциите за предаден ориентален тутун од ланската реколта. Исплатата изнесува 40 милиони евра или по 100 денари за килограм предаден тутун од реколта 2024 та г.

Го исполнивме дадениот збор што го дадовме на тутунопроизводителите. Денеска се изврши исплата на директни плаќања за произведен и продаден тутун од реколтата 2024 година . Исплатени се 14.502 тутунопроизводители со вкупен износ од 2.404.561.224,00 денари односно околу 40.000.000 евра. Корисници на оваа мерка се физички и правни лица кои своето производство со тутун од реколта 2024 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи. Го вреднуваме трудот на земјоделците, велат од МЗШВ.

 

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп набави возило за заловување и транспорт на бездомни кучиња

Министерот за земјоделство  во посета на  Прилеп

Поради високите тепмератури донесени препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе