8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Во Прилеп се поставува пункт за донации за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Од утре,петок,  10 ти февруари, во Прилеп започнува иницијативата за собирање на донации за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија. Акцијата започнува од 10 часот, а собирниот пункт е кај камената бина во центарот на градот, се вели во објавата на социјалните мрежи на Општина Прилеп:

Почитувани сограѓани, Општина Прилеп, почнувајќи од утре, петок, 10.02.2023 пред Камената бина на Плоштад „Александрија“ ќе постави ПУНКТ ЗА ДОНАЦИЈА за настраданите семејства од земјотресот во Турција и Сирија.

Ги повикуваме сите граѓани од 10:00 до 16:00 часот можат да донираат во рамките на своите можности со цел да им помогнеме на сите оние кои претрпеа огромна штета предизвикана од катастрофалниот земјотрес.

Да бидеме хумани бидејќи нашата мала помош во моментов некому ќе значи навистина многу!, стои во апелот упатен од Општина Прилеп.

Инаку, Советот на општината за висината на финансиската помош која ќе се оддвои од Буџетот на општината за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија ќе одлучува в понеделник, на пладне, на иницијатива на градоначалникот Јовчески на вонредната 22 седница.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп одбележан Денот на крводарителството

Гордана Цветаноска

Уметникот Зоран Кардула именуван за витез на културата на ЦСЛУ за 2022

Гордана Цветаноска

Финишираат натпреварите на светиниколскиот турнир во мал фудбал – расте адреналинот за завршницата (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе