11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Болница: Операционите сали ќе бидат пуштени по добивање на неколку конечни наоди

Одлуката за одлагање на оперативните интервенции во Прилепската болница ја донесе внатрешната комисија по двата потврдени случаи на интрахоспитални инфекции, потврдуваат од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност Прилеп, преку информација испратена до медиумите од Комисијата за Интрахоспитални инфекции, во која се вели:

Пријавени се вкупно два случаи кај кои може да се каже дека спаѓаат во интрахоспитални инфекции. Првиот случај е вадење на остеосинтетски материјал,во чиј изолат е најдена бактерија Serattia, рана чиста неинфицирана, а пациентот во добра здравствена состојба и излекуван е пуштен дома.
Вториот случај е пациентка која е дојдена за експлоративна интервенција после која е пуштена дома и истата е вратена следниот ден со покачена телесна температура, по што тогаш е земена крв за хемокултура и притоа е најдена Staphilococcus epidermidis (бактерија која сите ја имаме на кожата), а двете последователни хемокултури се без наод.
Уште пред добивање на наодот од микробиологија емпириски е почната комбинирана антимикробна терапија соодветна на антибиограмот. Пациентката беше пратена на лекување на терциерно ниво на клиниките во Скопје каде продолжија со соодветно лекување, но за жал случајот заврши летално.
Други случаеви за пријава на интрахоспитална инфекција во нашата болница нема.
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп постапува по предходно изготвена годишна програма во склад со Правилникот донесен од Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции.

Тоа значи:
-редовно чистење и дезинфекција на работниот простор;
-редовно микробиолошко испитување на брисеви од жива и
нежива средина со предлог мерки од страна на Комисијата во
случај да има некаков наод,кои мора да се усвојат;
-редовни санитарно прегледи на вработените;
-редовна дезинфекција , дезинсекција и дератизација;
-следење на честотата на појава на наоди во однос на вид на
бактерија;
-означени се патеки на носење и движење за нечисто и чисто;
-редовни контроли на стерилизација и секојдневна контрола во
стерилизација;
-следење на антимикробна резистенција;
-континуирана едукација на персоналот за често миење и
дезинфекција на раце и користење на протоколи за контрола
на инфекции.
Колонизацијата на бактерии во болниците укажува на причини меѓу кои должина на лекување на болните, прекумерна употреба на антибиотици, претходни болести или тежината на основната болест. Од страна ДСЗИ редовно се прават месечни и тромесечни
контроли со исправна микробиолошка состојба што е случај и сега. Комисијата за интрахоспитални инфекции секој ден одржува
состаноци, ги разгледува резултатите и донесената одлука да се одложат операциите заради превенција, беше одлука на Комисијата а не на надворешни контроли, како што сега по вонредните контроли и чиста состојба ќе бидат пуштени во работа истите.
Болницата е темелно вонредено пречистена, дезинфицирана и по налог на комисијата за спречување и превенција на интрахоспитални инфекции ќе бидат пуштени операционите сали во работа со неколку конечни наоди кои се преработуваат и треба да стигнат во текот на денот, се вели во информацијата од Комисијата за Интрахоспитални инфекции при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.

Би можело да ве интересира

За идните студенти – Перспектива од секој аспект Економски факултет – Прилеп

Елизабета Филипоска

Прилепски пензионери спречени да патуваат на заедничка прослава во организација на Здружението на пензионери

Пела Редакција

Јованоски: Се затвора Градскиот пазар, контролите на влезовите се засилуваат

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе