Пишува Зоран Момироски
- ИНТЕРХОСПИТАЛНИТЕ ИНФЕКЦИИ ОТВОРИЈА ГОЛЕМ СКАНДАЛ И ПРОБЛЕМИ ВО ПРИЛЕПСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА. ОСОБЕНО ОТКАКО ПОЧИНА 52 ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА ПО ИЗВРШЕНА КИРЕТАЖА ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО. ФОРМИРАН Е ПРЕДМЕТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА ОВОЈ И ЗА УШТЕ ДВА СМРТНИ СЛУЧАИ, КАКО И УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ ПОД СОМНЕВАЊЕ ЗА ДИЈАГНОСТИЧКО ЛЕКАРСКА ГРЕШКА НА НЕВРОЛОГИЈА. ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА ВО ЕДЕН МЕСЕЦ ПОРАДИ ОВИЕ ПРОБЛЕМИ СО СЕРИОЗЕН РИЗИК ПО ЗДРАВЈЕТО НА ПАЦИЕНТИТЕ, ИНТЕРХОСПИТАЛНА ИНФЕКЦИЈА ИМАЛО И НА ОРТОПЕДИЈА И ХИРУРГИЈА. НО ЗА НИВ СЕУШТЕ СЕ МОЛЧИ, А ПРОБЛЕМОТ ЕСКАЛИРАЛ СО ГИНЕКОЛОГИЈА. ВО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА. ТУКУ НАЈВЕРОЈАТНО ЗА ОРГАНИЗИЦИОНИ ПРОПРУСТИ. СОМНЕВАЊАТА СЕ ДЕКА ЗА ДА СЕ ,,ПОКРИЈАТ “ ОНИЕ КОИ СЕ НАЈОДГОВОРНИ И БИ ТРЕБА ДА СЕ ВПЕРИ ПРСТОТ ,,НАРЕДИЛЕ“ ХИГИЕНИЧАРКИТЕ, БОЛНИЧАРКИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СЕКОЈДНЕВНО ДА ГИ ЧИСТАТ ОДДЕЛЕНИЈАТА, БОЛНИЧКИТЕ СОБИ И ДРУГИТЕ ПРОСТОРИИ. НЕЗНАМ ЗОШТО НЕ ИМ ПАДНАЛО НА ПАМЕТ ПА ДА ИМ КУПАТ ЧЕТКИ И АЛАТИ, ПА ПОКРАЈ ЧИСТЕЊЕТО ДА ИМ НАРЕДАТ СЕКОЈДНЕВНО ДА МОЛЕРИСУВААТ И КАКО ХАУС МАЈСТОРИ ДА ГИ ОДСТРАНУВААТ ДЕФЕКТИТЕ. КОЈ САКА СО ВАКВА НАРЕДБА ДА СИ ГИ ПОКРИЕ СОПСТВЕНИТЕ ОРГАНИЗАЦИОНИ ПРОПУСТИ, ДОКТОРИТЕ?! ГЛАВНАТА И ОДГОВОРНИТЕ СЕСТРИ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО?! ИЛИ МОЖЕБИ ТОЈ ШТО Е НАЈОДГОВОРЕН ЗА ОВА ВО БОЛНИЦАТА?! СО ДЕЦЕНИИ ТАМУ ИМА ГЛАВНА СЕСТРА. НО И ПОСЕБНО ОДГОВОРНА СЕСТРА ЗА ИНТЕРХОСПИТАЛНИ ИНФЕКЦИИ. ПО ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ВЛАСТ НА СДСМ И ПОСТАВУВАЊЕТО НА ПАРТИСКИ И ,,ЛИЧНИ “ КАДРИ ПОЧНАА ДА СЕ АКУМУЛИРААТ ФУНКЦИИ ВО ЕДНА ЛИЧНОСТ И ДА СЕ ЗЕМААТ НЕРАЗБИРЛИВО ВИСОКИ ПЛАТИ И ДОДАТОЦИ. ПА ТАКА, СЕГА, ЕДНА ЛИЧНОСТ Е ГЛАВНА СЕСТРА НА БОЛНИЦАТА. ИСТАТА Е ОДГОВОРНА ЗА ИНТЕРХОСПИТАЛНИ ИНФЕКЦИИ. ДО ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД, А ДО СКОРО И ПОРТПАРОЛ НА БОЛНИЦАТА. ШТО СПОСОБНОСТ ЌЕ БЕШЕ?! ПРИМЕРОВ СИГУРНО Е ЗА ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ!!!
- ПОЗНАТИ ЕПИДЕМИОЛОЗИ ТВРДАТ ДЕКА ВАКОВ ПРЕВИД НИТУ Е ДОЗВОЛЕНО ВО 21 ВЕК, НИТУ СМЕЕЛО ДА СЕ ТОЛЕРИРА. НАПРОТИВ, ВО ВАКОВ ТИП НА БОЛНИЦА МОРА ДА ИМА ПОСЕБНО ОДГОВОРНА СЕСТРА ЗА ИНТЕРХОСПИТАЛНИ ИНФЕКЦИИ, ПА ДУРИ И ПОСЕБНО ВРАБОТЕН ДОКТОР – ЕПИДЕМИОЛОГ СО ТЕСНА СПЕЦИЈАЛНОСТ ЗА ИНТЕРХОСПИТАЛНИ ИНФЕКЦИИ. ЗА СИТЕ ОВИЕ ПРОПУСТИ И НЕДОСЛЕДНОСТИ ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И ПОЕДИНЕЧНИТЕ ИСПАДИ НАДВОР ОД ЗДРАВСТВЕНАТА ЕТИКА БИЛЕ ПРЕДУПРЕДУВАНИ ДИРЕКТОРКАТА КЕТИ СМИЛЕСКА И РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ. ЗОШТО НА ПОЕДИНЦИ ,,КАУБОЈЦИ“ ИМ Е ДОЗВОЛЕНО КАКО ,,ШЕРИФИ“ ДА СЕ ОДНЕСУВААТ ВО УСТАНОВАТА ТРЕБА ОДГОВОР ДА ДАДАТ ВО КОНКРЕТНОТ СЛУЧАЈ И РАКОВОДСТВОТО НА БОЛНИЦАТА И НА ОО НА СДСМ-ПРИЛЕП. НО ФАКТ Е ДЕКА И ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СЕ ПОТВРДУВА НАРОДНАТА ,,ОНА ШТО НЕ СЕ ПРЧИЛО НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОЗИ“. ЕДНО Е ДА САКАШ ДРУГО Е ДА МОЖЕШ. ЕДНО Е ЧОВЕК ДА ЗНАЕ КОЛКУ МУ ТРЕБА, А ДРУГО КОЛКУ МУ Е ДОСТА. И НА КРАЈ ОНА НАЈБИТНОТО -ЕДНО Е ДА СИ ДОКТОР, А ДРУГО КАКО ДА СОЗДАДЕШ УСЛОВ И ДА ГО ОДРЖИШ КОМПЛЕКСНИОТ И ТИМСКИ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ. МЕСТО ЗА САМОБЕНДИСАНИ НЕ НАСИТНИ ЗА ,,ИСКОМПЛЕКСИРАНИ“ И ЗА ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИ ВО ТОЈ СИСТЕМ НЕМА!!!
- КАНОНАДА ОД ЛАЖНИ БОМБИ ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА ИМА ВО ПОСЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ. ГРАДИНКИ, УЧИЛИШТА, ИНСТИТУЦИИ СЕ’ Е ,,БОМБАРДИРАНО“. НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА Е ВИСТИНА, РЕТКО ДЕКА ЖИВО ДЕТЕ ЌЕ ОСТАНЕШЕ И ВО ГРАДОВ. ПОСЛЕДНИВЕ ХАКЕРСКИ НАПАДИ БЕА НАДОПОЛНЕТИ, ПА И СО ЗАКАНИ ДЕКА СО АВТОМАТСКО ОРУЖЈЕ ЌЕ СЕ ПУКАЛО ВО УЧИЛИШТАТА. ПОРАДИ ОВА, ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ПОВТОРНО РАСПРАВАШЕ ЗА ОВИЕ ЗАКАНИ. НО, ОВОЈ ПАТ, ПОБАРА ОД НАДЛЕЖНО ВЛАДИНО ДРЖАВНО ТЕЛО ЗА ВАКВИ НАМЕНИ ДА ПОЈАСНИ ШТО ДА СЕ ПРАВИ И КОИ МЕРКИ ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ. ГИ СЛУШАМ И ЕДНИТЕ, НО И ДРУГИТЕ, И ОД ПОЧЕТОКОТ НА ОВАА ПСИХОЛОШКА И ХИБРИДНА ВОЈНА СЕ ПРАШУВАМ – ВО ОВАА НАШАВА ДРЖАВИЧКА ИМАМЕ СПОСОБНИ ИТ ИНЖИЊЕРИ КОИ ЌЕ ОДГОВОРАТ НА ПРЕДИЗВИКОТ. ХАКЕРИВЕ ПОСТОЈАНО ,,ПУКААТ“ ЕДНАШ ВО КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА, ДРУГ ПАТ ВО МИНИСТЕРСТВА И ИНСТИТУЦИИ. ДВЕ НЕДЕЛИ МАЈКАТА МУ ЈА РАСПЛАКАА НА ЦЕЛ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ ВО ДРЖАВАВА ПРЕКУ УПАД ВО СЕРВЕРОТ НА ФЗО, ПА НА УЧИЛИШТА НА ГРАДИНКИ. СЕКАДЕ ГИ ИМА, САМО НЕ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦИ, КАЗИНА, БАНКИ ИЛИ МЕНУВАЧНИЦИ. ДО КОГА ОВАА ХАКЕРСКО САЈБЕРСКА ПРЕТСТАВА ЌЕ ЈА ГЛЕДАМЕ, А ПРИТОА НЕМА ДА ИМАМЕ ОДГОВОР – КОЈ ТОА СИ ИГРА ИГРАЧКИ СО ОВОЈ НАРОД, СО ДЕЦАТА, СО НАШАТА ИДНИНА?! ПА ЗГОРА НА СЕ’ СЕГА ЌЕ ИМАЛО ОБУКА НА ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЗА ДА СПРЕЧУВА ХАКЕРСКИ НАПАДИ. АДМИНИСТРАЦИЈАТА СЕ ЕДУЦИРА НА ЕФИКАСНОСТ, СЕ ОСЛОБОДИ ОД ПАРТИЗАЦИЈА – Е ПА СЕГА НАВИСТИНА ИМ ФАЛИ УШТЕ ЕДНА ОБУКА ЗА САЈБЕР ВОЈНАВА И СЕ’ ЌЕ БИДЕ ТОП!!!
- ПРИЛЕПСКАТА ЧАРШИЈА Е ВО ГОЛЕМА ДИЛЕМА – НА КОГО ДА МУ ГО ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЕТО ЗА УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНИОТ ,, ПРИЛЕП АУТЛЕТ ВИКЕНД “. НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ ИЛИ НА АКТУЕЛНИОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ПОЗНАВАЧИТЕ НА ПРИЛИКИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ИДЕЈАТА БИЛА ОД РИСТЕСКИ. ЗА ГРАДОТ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ОВА БЛЕДИЛО. МАЦИО ТИ БИЛ ГЛАВЕН НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА И НИЗ ЧАРШИЈАТА. ВО НЕГОВ ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ СЕ ПОЗДРАВУВАЛ СО ДУЌАНЏИИТЕ И ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАЛ НА НИВНИОТ ПРИДОНЕС ВО ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА ОВАА МАНИФЕСТАЦИЈА. „ГО БИДУВА ЧОВЕКОТ“ – ВЕЛИ ЕСНАФОТ. И ДОДЕКА РИСТЕСКИ СЕ ШЕТАЛ КАКО ,,ПАУН “ СО СВОЈАТА СТАРА ЕКИПА, ОФИЦИЈАЛНО ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ГОДИНАШНИОТ,,ВИКЕНД АУТЛЕТ ПРИЛЕП“ НЕ ИЗЛЕГОА СО ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ, НИ СО ПРИБЛИЖНА БРОЈКА ЗА БРОЈОТ НА ПОСЕТИТЕЛИ ОД ГРАДОТ ДОМАЌИН И ОД СОСЕДНИТЕ ГРАДОВИ. А ВО САБОТАТА ГИ ИМАШЕ МНОГУ. ДУРИ ВО НЕКОИ ДУЌАНИ И БУТИЦИ ВРАТИТЕ ЧЕСТО БЕА ЗАТВОРАНИ, ПА ПОТРОШУВАЧИТЕ МОРАШЕ ДА ЧЕКААТ НА РЕД. ЗА ДА НЕМА РАСПРАВИЈА, ПОДЕЛБИ И НЕПОТРЕБНИ КАВГИ ЗАНАЕТЧИСКАТА КОМОРА НАЈДОБРО Е НАМЕСТО ЕДНА ДА ОТПЕЧАТИ ДВЕ ПРИЗНАНИЈА. ЕДНО ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ И ЕДНО ЗА АКТУЕЛНИОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ, КОЈ ПАК ОВОЈ ВИКЕНД Е ПРЕД НОВ ПРЕДИЗВИК – ДА ГО ОРГАНИЗИРА ГОДИНЕШНИОТ КАРНЕВАЛ ,,ПРОЧКА 2023 ГОДИНА“. КОЈ НАМЕСТО ТРАДИЦИОНАЛНО ВО ДВА, ОВАА ГОДИНА, ЌЕ СЕ ОДРЖИ САМО ВО ЕДЕН ДЕН – ВО НЕДЕЛА НА ПРОШТЕНИ ПОКЛАДИ СО СИТЕ ПЛАНИРАНИ ПРОПРАТНИ МАНФИЕСТАЦИИ.
- НАЈГЛАСНИТЕ ОПОНЕНТИ КОГА СТАНУВА ЗБОР НОВОТО УСТАВНОТО ИМЕ ,,СЕВЕРНА“ СО ШИРОКИ РАЦЕ И СО ОТВОРЕНО СРЦЕ ДЕНОВИВЕ ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ЈА ПРИМИЈА ДЕЛЕГАЦИЈАТА И СКРОМНАТА ДОНАЦИЈА ОД ГРЧКИТЕ ФИРМИ И ОД АМБАСАДАТА НА ГРЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА. АБЕ ПАТРИОТЧИЊА КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ ДОНАЦИЈА ОТВОРЕНО ВИ Е И СРЦЕТО И ДУШАТА. И КАКО НЕМА ДА ВИ БИДЕ, КОГА СОСЕДИВЕ ВИ ЈА ФАЛАТ СО ПОЛНА УСТА: „ПРЕУБАВА ТАА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“. СЛУШАТЕ СО ВНИМАНИЕ, АМА НИКАКО ДУШАТА НЕ ВИ ДАДЕ ПРЕД НАШИТЕ МИЛИ ГОСТИ ДА ПИСНЕТЕ ДОДЕКА ТИЕ ЗБОРУВААТ ВО ГРАДИНКАТА ШТО ГО НОСИ ИМЕТО НА НАШИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ЗА ОВАА „ВАША ПРЕУБАВА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“. ГИ СЛУШАМ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ ОД ЛОКАЛНАВА ВЛАСТ ЗБОРУВААТ КАКО МЕЃУ ДРУГОТО САКАЛЕ И ЗАСЕГА ВОДЕЛЕ УСПЕШНА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА. ПА ЈА ПРИФАЌААТ ПОНУДЕНАТА СОРАБОТКА ОД ГРЧКА СТРАНА. И УШТЕ НАМЕСТО ДА ПЛУКААТ ЗА ТОА ,,СЕВЕРНА“ ВЕЛАТ ДЕКА ПОГРАНИЧНИТЕ ОПШТИНИ ОД МАКЕДОНСКА И ГРЧКА СТРАНА ТРЕБАЛО ДА ЈА ПРОШИРАТ И ЗАСИЛАТ. ЗНАЧИ ЕДНО Е ДА СИ НА ВЛАСТ, А ДРУГО ВО ОПОЗИЦИЈА. САМО ДА ПОТСЕТАМ ВО ВРЕМЕТО НА ГРУЈОВИЗМОТ НЕМАШЕ РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОТ СО ГЕОГРАФСКАТА ОДРЕДНИЦА. АМА НЕМАШЕ И ПАРИ ОД ФОНДОВИТЕ ЗА ИНФРАСТРУКТУРЕН РАЗВОЈ НА ОВОЈ ЕВРО РЕГИОН. ВО 10 ГОДИНИ ПРИЛЕП, КАВАДАРЦИ, БИТОЛА И РЕСЕН ПОРАДИ ТОА ЗАГУБИЈА НАД 50 МИЛИОНИ ЕВРА!