29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанец загина, а двајца се повредени при удар на воз во патничко возило

Прилепчанец загина, а двајца се повредени при удар на воз во патничко возило на железнички премин во населбата “Сточен Пазар” во Прилеп.

Утрово, во 3.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец помеѓу Железничка станица „Галичани“ и Железничката станица Прилеп, воз удрил во патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(39) од Прилеп.

На местото на несреќата починал M.Д., а со повреди се здобиле сопатниците Т.Х.(40) и Г.Б.(39), двајцата од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прилепчани и битолачaнец фатени како продаваат наркотици во Прилеп

Мотоциклист малолетник, тешко повреден при удар во трактор во прилепско

Мотоцикл и “фиат“ се судриле на двојната кривина на патот Крушево-Прилеп – повредено 26 годишно момче

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе