Од полицискиот билтен две информации: физички напад на шумски полицајци во долненско и пожар на две патнички возила во Прилеп:
Денеска (08.03.2023) во 00.44 часот пред с.Долнени, прилепско, шумски полицајци, додека извршувале службени дејствија, пронашле товарно возило „там“ без регистарски ознаки и го одзеле, при што биле физички нападнати од Р.М. од с.Црнилиште и уште три лица, кои со патничко возило „фолксваген пасат“ и со тврди предмети ги оштетиле службеното и одземеното возило. Притоа, еден од шумските полицајци испукал во воздух еден куршум од службениот пиштол, во знак на предупредување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (08.03.2023) околу 04.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Цане Илиоски“ настанал пожар во патнички возила „сеат кордоба“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Љ.З.(68) од Прилеп и патничко возило „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на К.З.(45) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп, стои во информацијата од СВР Битола.