21.6 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Следниот месец треба да почне изградбата на неколку автопати вклучително и Прилеп – Битола

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ на 22 април годинава треба да биде воведен во работа за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар (17,5 км) Гостивар – Букојчани (30.3 км) и Прилеп -Битола (39,3 км), а на 12 декември и на делницата Требеништа -Струга -Ќафасан во должина од 21,7 километри.

Со договорот што беше потпишан денеска во Владата за автопатските делници во вкупна должина од 108,8 километри во вредност од 1,3 милијарди евра, изведувачот доби обврска сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.

Целата изградба треба да трае до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа -Струга – Ќафасан и 57 месеци за Гостивар – Букојчани и за Прилеп -Битола.

Финансирањето на проектот е од Буџетот на државата, а во буџетот на Министерството за транспорт и врски годинава се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра. Се планира секоја година од Буџетот да се издвојуваат толку средства.

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп спроведена обука на негувателките од градинките во регионот

Пела Редакција

(ВИДЕО) Авганистан ли е, Македонија ли е ?!

Гордана Цветаноска

Новогодишен базар кај Градската саат кула во организација на Општина Прилеп и Слоу Фуд

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе