11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крушево – град на културата за 2023 година

Општина Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата” во 2023 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. Во програмата се содржани 62 проекта од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори.

Општина Крушево ќе овозможи реализација на богати културни содржини во текот на целата година, како и меѓународна поврзаност и соработка во рамките на културата.

Манифестацијата „Град на културата”, иницирана од Министерството за култура, а прифатена и поддржана од општините во државава, започна да се реализира во 2004 година и оттогаш општините континуирано учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на многубројни јавни настани.

На конкурсот за годинава во Министерството за култура биле пријавени и општините Струга и Маврово-Ростуше. По извршената евалуација на пријавите, стручната комисија оценила дека Општина Крушево понудила богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Би можело да ве интересира

Дизелот со нова, пониска цена

Гордана Цветаноска

В сабота земјоделска трибина во врска со тутунскиот откуп

Пела Редакција

Општина Прилеп објави јавен повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипеди

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе