5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

На што се должи посетата на министерот Николовски, реагираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП

Денешната посета на прилепскиот регион на министерот за земјоделие Љупчо Николовски, кој присуствуваше на настан во Кривогаштани, беше повод за соопштение на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Го објавуваме во целост:

Денес во посета на Прилеп е министерот за земјоделие Љупчо Николовски,кој ќе остане запаметен како вицепремиерот во чие време најуспешна акција беше заплената на путер со поминат рок.

Со што ли ќе ги замајува овојпат прилепчани, со истите празни флоскули дека најнеспособната влада предводена од СДС, се грижи за земјоделците, за тутунопроизводителите, за сточарите? До кога ли овие ликови без трошка срам ќе се појавуваат меѓу народот и ќе ја навредуваат неговата интелигенција?
За погубните политики на оваа влада, најдобро сведочи намалувањето на количините на тутун од година во година. Поместувањето на субвенциите од март во декември, склучените договори со лански цени, а со сегашна висока инфлација, зелената нафта која ја нема за тутунарите, се само потврда за негрижата на владата предводена од Димитар Ковачевски. Новиот модел на субвенционирање не е ништо друго освен мачкање на очи и кратење на субвенциите.
Го повикуваме министерот Љупчо Николовски да направи обиколка низ населените места во Општина Прилеп, да види како младите масовно се иселуваат како никогаш претходно, да виде дека истите не одлучуваат да продолжат да се занимаваат со тутунопроизводство и земјоделие.
Огромен износ од над 3 милијарди денари заостанати обврски по мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството од 2019, 2020, 2021 и 2022 должи оваа влада. Во услови кога репроматеријалите се поскапени, луѓе уште ги немаат добиено своите субвенции. Како ли само да се припремаат овие луѓе за годинешната реколта?
Како за крај го прашуваме министерот Николовски, колку регистрирани земјоделки има во Општина Прилеп? Кој може да ги користи мерките со кои се фали оваа влада? Колку регистрирани жени кои се занимаваат со тутунопроизводството има во нашата општина?
Почитувани, хаосот во кој СДСМ ја вметна Република Македонија, може да заврши само со избори што ќе значат пад на владата предводена од СДСМ и ДУИ, избори што ќе значат крај за недомаќинското и расипничко владеење, стои во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП.

 

Би можело да ве интересира

Смилеска: Саниран е дефектот на системот за парно греење во болницата!

Железничкиот сообраќај е во прекин на делницата Прилеп – Битола

Пела Редакција

Коронавирусот пристигна и во Крушево -двајца заболени!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе