3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Соопштение: Општина Прилеп е во најдобрите 10 за управување со јавните финансии

Од Општина Прилеп денеска со соопштение за јавноста се обратија во врска со обвинувањата за работата на локалната власт и менаџирањето на јавните пари, кои беа искажани од опозицијата на 23 тата седница на Советот на општина Прилеп која се одржа вчера (15 март). Соопштението го објавуваме во целост:

Јаловите обиди на опозициската СДСМ на локално ниво, за извртување на вистината и погрешно прикажување на фактите во јавност, паѓаат во вода.

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Општина Прилеп со сигурност се враќа на вистинските патеки. Иако оставена во катастрофална состојба, со огромни милионски долгови од времето на СДСМ, Општина Прилеп претставува успешен пример за квалитетно локално управување, што ја прави една од најдобрите 10 општини во Република Македонија, во врска со предизвиците поврзани со капацитетите за управување со јавните финансии.

Ова јавно признание доаѓа од Обединетите нации (UNDP) кои преку Програмата за развој, во 2022 година после темелно истражување и анализа на сите 80 општини и градот Скопје, се докажа дека Општина Прилеп е една од 10-те општини која има одлична оценка за финансиското работење и претставува пример кој треба да го следат и останатите во врска со управување на јавните финансии на локално ниво.

Ваквиот факт им е добро познат и на челниците и советниците од редот на СДСМ и коалицијата, па токму затоа истите жолчно се обидуваат да ги прикажат фактите и аргументите поинаку. Ако веќе сакаат нешто да критикуваат, нека се посветат на најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија, а се поврзани со централната власт, како што се највисоката инфлација и најскапата струја  во регионот, катастрофалните извештаи за корупција и политиките на национално предавство и тргување со националните интереси.

Преку форумските сесии во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ и преку еден нов пристап граѓаните ќе бидат директно вклучени во донесувањето одлуки, давањето идеи, предлог решенија и препораки преку чија реализација ќе имаме поквалитетен живот во нашата Општина. Како опозиција СДСМ, наместо паушални обвинувања, може да земат свој конструктивен удел во поглед на оваа практика.

Граѓаните знаат кој работи во нивни интерес.

Прилеп заедно со градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на Совет Дејан Проданоски и советниците од владеачкото мнозинство, го враќа стариот сјај како општина која служи за пример на останатите, стои во соопштението од Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

ОД ДЕНЕСКА НА ДЕЛНИЦАТА ПРИЛЕП – КРУШЕВО – СЛАДУЕВО ПРОМЕНЕТ СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ

Гордана Цветаноска

Мерката „гарантирана цена“ завршува, ќе има ли ценовен шок од 1 ви март?

Пела Редакција

Нагло зголемен број на новозаразени во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе