Студиото за модерни танци Dance studio New Generation кое прераснува во симбол на новата генерација на Прилеп, вљубеници во музиката и ритмот на современата игра, в среда на 29 ти март тргнува на еден од најдобрите натпревари во Европа на ИНТЕР ДЕНС ФЕСТ САРАЕВО. Во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, четири дена (30 и 31 март и 1 ви и 2 април) ќе настапуваат едни од најдобрите школи и клубови за модерни танци од европскиот континент кои ќе се натпреваруваат во различни стилови.
Во Сарево четири дена ќе се игра, ќе го претставиме нашиот град Прилеп и Македонија.Тука ќе се натпреваруваме со најдобрите клубови од Европа и ќе има голема конкуренција. Ние ќе се претставиме со 5 формации во Опен, Хип Хоп, Стрит Денс и со многу соло настапи во Стрит денс и Хип хоп. Точно 23 танчери од Прилеп ќе играат со најдобрите, велат од прилепското студио Dance studio New Generation.
Им посакуваме среќа во настапите и во најдобро светло да го претстават Прилеп и Македонија.