3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Лицата со ретки болести порачаа „секоје дете треба да биде среќно – ретки сме, но силни„

Во организација на ЗЛРБП “Мојот редок свет”- Прилеп, се одржа музичко – забавен настан, насловен “Игралиште од соништата – живот од  соништата за секое дете„ од каде што беше пренесена пораката „Стоп за изолација на лицата со ретки болести и попречености“ и нагласено дека „секоје дете треба да биде среќно„.

Во „Игралиште од соништата-живот од соништата за секое дете” во кино салата „Мис Стон“ , денеска се пееше, играше и рецитираше, а голем дел од учесниците беа, токму, лица со ретки болести.

На забавен и едукативен начин, посетитлите се запознаа со важноста од инклузија на лицата со попреченост во заеднiцата, а беше одржано и едукативно предавање од Др.Симона Стојаноска,  за ретките болести и пречките со кои се соочуваат лицата и семејствата погодени од ретка болест.

„Игралиште од соништата-живот од соништата за секое дете” беше збогатано со гоелм број музички изведи на  ученици од основните училиште од Прилеп , настап имаше и  КУД “Моминок”, пејачката група од Здружението „Преродба“ која се престави со изворни народни песни,  додека пак децата од “Детска Амбасада за сите деца во светот”  упатija порака „СЕКОЕ ДЕТЕ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ СРЕЌНО”!, кажувајќи ја на повеќе јазици.

 

 

 

Би можело да ве интересира

(Фото -видео) Од нас, за нив – помагаме заедно – Радио Пела и група граѓани!

Елизабета Филипоска

Младите од општина Кривогаштани бараат Локален младински совет

Пела Редакција

(ВИДЕО) Со експлоатацијата кај Оревоец во опасност е здравјето на прилепчани

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе