5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Радио Пела е полн погодок во музичкиот свет (ВИДЕО + ФОТО)

Од народна до забавна , од промоција до светскиот музички пазар , од ден на ден Радио Пела “ита” кон својата публика, кон својата реалност, што поблиску до своите слушатели и уште поблизу до своите гледачи. Патем денешниот дигитален напредок не доведе до истражување  на новиот свет кој ние го поврзавме  создавајќи една поразлична МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОГРАМА  во името на РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА. Така и го креираме трнливиот пат кој секогаш го зачинуваме со “музички оброк” кој го преточуваме  во една несекојдневна отворена програма , програма низ која чекорат само оние кои си го сакаат својот МЕДИУМ кои си ја сакаат својата ПРОФЕСИЈА , а тоа е тимот на РАДИО ПЕЛА . Дека сме полн погодок во музичкиот свет со нашиот медиумски простор покажува времето, нашиот аудиториум, јавноста , контактите , задоволството, соработката со институциите, јавните личности , музичката естрада и конечно контактот со секој од вас. Со она што го сервираме до секој наш читател на www.radiopela.mk само ја споделуваме нашата искрена професионалност. На секоја препрека одговараме со нов предизвик и нормално за едно вакво време повторно “се ажурираме” и продолжуваме во ист , пелагониски ритам. А тој , онаков каков што е го слушаат насекаде. Од центарот на Прилеп, па до секој радио приемник или ако сакате паметен АНДРОИД.

Слушајќи го нашето радио на фрекфенцијата од 96,8 ФМ можете и со секој клик на нашиот информативен портал да ги слушате и нашите нови 5 интернет радија , кои САМО ЌЕ ВИ ГО РАЗУБАВАТ  денот и ќе ве натераат да ги пеете вашите омилени хитови. Радио Пела може многу лесно да ви биде и ваш личен пријател кој ќе го сместите меѓу апликациите во вашиот телефон или таблет.

Еве и како — https://drive.google.com/file/d/1puabhkNPkdIfljUI2_NyeeM0V9QgB7nV/view?pli=1

Во тренд со многуте радио станици , оваа пелагониска радио станица која функционира под мотото  ПЕЛАГОНИЈА НА ДЛАНКА , со својота докажана музичка конфигурација на програма, ужива,  да ја слушаат многумина , на различни платформи каде дефинитивно и зафаќаме поголем број на СЛУШАТЕЛИ  кои го преферираат нашиот музички стил во различен формат, MP3, WAV  па дури и MP4 во зависност како сакаат ,да не слушаат , или гледаат.

Ќе одвоиме само неколку од платформите каде интензивно и како што се вели сега во модерното време , во ТРЕНДИНГ е да се слуша Радио Пела на www.balkanskeradiostanice.com  , zeno.fm , mytuner radio , exyuradio.net , raddio.net,zulradio.com, uzivoradio.net, slushaj.mk,radio-uzivo.com,exyuradio.rs

Во текот на нашето работење и тимската работа сите информации , настани , разговори на актуелни теми ги архивираме на нашиот YOUTUBE канал Radio Pela Macedonia каде можат и да се најдат голем број на реализирани МУЛТИМЕДИСКИ проекти преточени во емисии , разговори , интервјуа и корпоративни видеа со кои сакаме да го одржиме континуитетот на нашиот медиум во информативниот и музички свет.Само по себе Радио Пела има своја препознатливост и не го остава секој рамнодушен каде и да е.

https://fb.watch/jRCJbHY2bK/

Оние кои го препознаваат нашиот специјален сегмент во етерот знаат дека секогаш ја подржуваме македонската музика , заедно ги слушаме големите балкански хитови а нормално е и да слушаме се што е актуелно и тоа ХИТОВИ РЕДУМ – 24/7.

ВОЗБУДЛИВО Е ДА СЕ ДОЖИВЕЕ ЦЕЛА ТАА ЕНЕРГИЈА ЗАЕДНО СО СИТЕ ВАС , ЗАШТО СЕПАК ЗАЕДНИЧКИ ЈА КРЕИРАМЕ НАШАТА УСПЕШНА МИСИЈА , МИСИЈА КОЈА НЕ ОДРЖУВА И НЕ ПРАВИ ПОСРЕЌНИ КОГА ЗНАЕМЕ ДЕКА СО ПОЧИТ  ГО СЛЕДИТЕ И ПОДРЖУВАТЕ НАШИОТ МЕДИУМ.

 

 

 

Би можело да ве интересира

МВР:граѓаните да не управуваат возило доколку немаат возачка со “северна”

Пела Редакција

Попоска: Дојдете на роденден со добра музика и многу гости (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

Горивата изгор, кои се алтернативите – ПрилепНаТочак!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе